„Колку чини лебот?“ е најчесто пребаруван продукт на Google во Македонија, според не-толку-точна-мапа

во Веб, ИТ.МК

Се чини дека луѓето сакаат да ги знаат цените на лебот во Македонија, барем тоа најчесто го проверуваат на Google, се вели во една чудна мапа на најпребаруваните продукти на Google, креирана од сајтот за проверка на цени Fixr.com. Мапата открива за кој продукт најмногу се заинтересирани корисниците во различни земји, иако треба да се знае дека резултатите не се прецизни, бидејќи Fixr.com ја направи мапата само според автоматското дополнување на пребарувањето „Колку чини * во [oваа земја]?“. Автоматското дополнување (auto-complete) е обид на Google да предвиди што ве интересира за да не мора да ја куцате целата реченица, и тие предвидувања се одредени според најчестите пребарувања, односно најчестите интереси на корисниците. Но, овие предвидувања зависат од неколку фактори како корисничката историја на пребарување или од каде се пребарува, вели Business Insider, иако ова често дава луди резултати како „колку е цената да леташ со MIG?” во Русија или „колку чини проститука?“ во Бразил.

Ги проверивме овие податоци на google.com и google.mk и според резултатите, може да се каже дека мапата не е далеку од вистината. Иако друга маана на мапата е што е направена со термин на англиски јазик, што може да сугерира дека странски државјани се заинтересирани за лебот во Македонија, бидејќи нели Македонците пребаруваат на македонски јазик; сепак не треба да ја игнорираме како добар показател што ги интересира луѓето кога ќе помислат на таа земја. За Македонците тоа сепак се цената на суштинските работи како леб, дом или евентуално абортус ако пребарувате на кирилица.

Резултатите oд автоматското комплетирање на Google на „колку чини * во одредена земја“, според Fixr.com се следниве:

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments