Виктор Дано

2.842 написи активност: 12/2008 - 10/2016

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Редакција
1
Виктор Дано Мобилни Совети

Инсталирајте со два клика Android апликации од AppBrain

AppBrain е одлична продавница за Android апликации која сега ја врати опција за директно инсталирање на апликациите од сајт на вашиот телефон.

0 коментари Прочитај 7 февруари, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Веб ИТ.МК

WORLD, .мк open data апликација за едукација и информирање

Отворениот пристап на информации ја буди креативноста, вели Дарко Божиноски, студент на ФОН универзитетот и дел од тимот кои ја креираа WORLD апликацијата.

2 коментари Прочитај 7 февруари, 2011
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК

Надополнето: За цените на МАРНет не се разговарало, најверојатно ќе останат исти

<Надополнето 07.02.11> За цените воопшто не е разговарано, вели новиот директор на МАРНет, Сашо Димитријоски одговарајќи на нашиот мејл каде побаравме да се потврди информацијата за цените, кои според новиот директор нема да се менуваат.   „За менување на цената на домените во МАРНет воопшто не се разговарало и најверојатно таа ќе остане иста, што значи ова се само шпекулации кои немаат никаква основа. Ќе треба да го прашате „Глобус" од каде им се таквите информации.“

8 коментари Прочитај 7 февруари, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Софтвер Хак-атак/Приватност

Со Honeycomb ќе може да се енкриптира таблетот

Во Motorola Xoom таблетот, длабоко закопана во опциите, се наоѓа опција Encrypt Тablet, која е опција за енкриптирање на сите лични податоци на таблетот со лозинка или PIN број, открива Engadget.

0 коментари Прочитај 3 февруари, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Свет

Anonymous ги сруши египетските владини сајтови

Контроверзната група на интернет активисти Anonymous со DDoS напади ги сруши египетските владини сајтови порачувајќи му на претседателот Мубарак дека треба да си оди и испраќајќи порака кон египѓаните дека „тие [anonymous] се со нив“.

0 коментари Прочитај 3 февруари, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Мобилни Софтвер

Android Market си доби веб верзија

Google објави веб базирана верзија на својата продавница за Android која сега брои над 100.000 мобилни апликации. До сега до Android пазарот можеше да се пристапи само директно преку мобилните уреди, додека постоеја разни независни-од-Google веб сајтови кои нудеа листи и преглед на мобилните апликации.

1 коментар Прочитај 3 февруари, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Софтвер

Со Honeycomb стартува ерата на Android таблет компјутери

Android 3.0, или попознат како Honeycomb, е оперативен систем комплетно наменет за таблет компјутерите. Со Honeycomb, најавен за наскоро, без официјален датум, ќе стартува плејада на Android таблет компјутери од најразновидни произведувачи. Ова ќе го промени досегашниот пазар на таблет компјутери каде во моментов кралот е Apple со над 15 милиони продадени iPad-и, во исчекување наскоро да се појави и iPad 2 со две камери, USB и SD порт...

0 коментари Прочитај 3 февруари, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Свет

Контроверзниот Викиликс е номиниран за Нобелова награда за мир

Сајтот кој откри илјадници документи за војните во Ирак, Иран, илјадници димпломатските извештаи на САД, за кенискиот претседател, за се и сешто доверливо во своето четиригодишно постоење, е номинирал за 2011 Нобелова награда за мир.

0 коментари Прочитај 2 февруари, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Свет

Интернетот се врати во Египет, но протестите ескалираа

По еднонеделното „затемнување“ египетските интернет и мобилни провајдери го повратија интернет пристапот во земјата, но тоа може да биде кратко бидејќи протестите во Египет ескалираа со улични судири меѓу противниците и поддржувачите на долгогодишниот египетски претседател Хосни Мубарак кој најави дека нема да се кандидира на претстојните избори.

0 коментари Прочитај 2 февруари, 2011
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК

Колектива продаде стотици купони за попуст во првиот ден

Како нови веб сервиси на македонскиот пазар, сервисите за групно купување импресионираат со своите стартови. Првин grouper.mk, а сега и Колектива продава импресивен број купони за многу кратко време од стартувањето.

4 коментари Прочитај 2 февруари, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Совети Софтвер

Google-овата табела на API елементи

Google објави интересна табела на API-ја од своите сервиси распределени како периодната табела на елементи, каде секој „елемент“ е линк до соодветно API од соодветен веб сервис.

1 коментар Прочитај 1 февруари, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Свет

Европски активисти им нудат dial-up интернет на египѓаните

Се почесто, неодамна во Иран, Тунис, а сега во Египет, при посериозни протести, властите одбираат да го неутрализираат интернет пристапот знаејќи дека алатката може не само да организира, туку и да ги информира светот за случувањата. Египетските власти ги блокираа друштвени мрежи и интернетот, според некои извештаи привремено се укинуваат и телефонски мрежи, се со цел да се намали влијанието на протестите против властите кои излегоа од контрола.

0 коментари Прочитај 1 февруари, 2011
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК

ФИНКИ ќе стартува од септември

ФИНКИ ќе започне со работа од студиската 2011/12 година. ФИНКИ - Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство, е нов факултет кој ќе ги спои досегашниве две информатички катедри од Природно-математичкиот факултет и Факултетот за електротехника и информациски технологии. Законот за формирање на ФИНКИ е изгласан од Собранието на 29 декември 2010 година, интересно, без глас против.

114 коментари Прочитај 31 јануари, 2011
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК Хак-атак/Приватност

Место да се приватни, Facebook фотографии сe најдоа на јавен .мк портал

Македонскиот портал Бркај Работа си зеде за право да објави фотографии за „најпровокативни фејсбук-македонки“. Не само што немаа дозвола за сликите, кои се сигурно објавени на приватен профил и на Facebook, што е затворена мрежа, туку ги повикаа другите корисници да споделат уште фотографии од други нивни Facebook пријатели за да „се има увид во она што ни го нуди македонскиот фејсбук“.

29 коментари Прочитај 28 јануари, 2011
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК Хак-атак/Приватност

Од 14.000 .мк сајтови само 49 имаат полиса за приватност

Секој веб сајт користи кориснички податоци. Од IP адреса, кој прелистувач користите и колку време сте на сајтот до колачиња за да се зачува да не мора да се логирате секоја посета, заради маркетинг или мерење на посетеност. Сите овие податоци се еден вид личен белег на корисникот. И сите овие податоци треба да бидат заштитени од самиот сајт, почнувајќи со информирање на корисникот.

3 коментари Прочитај 28 јануари, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Интервјуа ИТ.МК

Интервју со Никола Љушев, директор на VIP, ИТ компанија на годината

Vip оператор го стартуваше првиот Android натпревар, први донесоа таблет компјутер, се прогласи за најкомпанија на Twitter и беше прогласена на ИТ наградите како компанија на годината на .мк сцената. Направивме интервју со директорот на VIP, Никола Љушев кој освен што се заблагодари до корисниците на наградата сподели и интересни мислења за социјалните медиуми, паметните телефони и за наплив на таблет компјутерите.

15 коментари Прочитај 28 јануари, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи

Koj e вашиот Facebook имејл? И во .мк старуваше новиот систем за пораки

При логирање на Facebook, мрежата ќе ве пречека со порака дека за вас е достапен новиот систем за пораки односно сега ќе си добиете свој вашеиме@facebook.com имејл со кој ќе може да праќате пораки до луѓето надвор од Facebook, за разлика од затворените Facebook пораки. Доколку сте го одбрале корисничкото име, тогаш тоа ќе ви биде мејлот, нема опција за менување.

7 коментари Прочитај 28 јануари, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Веб

Google со блага цензура за не-толку-пиратски сајтови и софтвер

Google ги стави torrent, Bittorent, utorrent, RapidShare, Megaupload... и други имиња на сајтови и софтвери кои се поврзани со пиратеријата, на црната листа на своето автокомплетирање и инстант пребарување.

3 коментари Прочитај 27 јануари, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи

Facebook претстави нови безбедносни опции, HTTPS за целиот сајт

Facebook претстави две нови опции за безбедност и заштитување на профилот. Се чини никој не ми кажал за опциите на основачот на мрежата Марк Закерберг, чија фан страна беше пробиена истиот ден кога се претставија и новите опции.

0 коментари Прочитај 26 јануари, 2011
Мени
Заедница
Изглед