Google со блага цензура за не-толку-пиратски сајтови и софтвер

во Веб

Кога пребарувате на Google често пребарувачот ќе ви даде сугестија за што да пребарувате и инстант резултати. Еден вид помагало за побрзо откривање правите резултати. Но, доколку пребарувате пиратски-поврзана содржина тогаш Google нема да сака да ви помогне да стигнете побрзо до неа, правејќи се дека тие термини не постојат, се додека не го напишете целосно.

„RapidShare е еден од најпопуларните сајтови во светот. Секојдневно корисниците зависат од нашите услуги за нивните легитимни интереси. Токму затоа Google претера со цензурирање на резултатите на својот алгоритам за сугерирање. Резултати на пребарувач треба да ги прикажат корисничкиот интерес, а не тие на Google или на некој друг.“, велат од RapidShare за Torrent Freak.

Google сепак ќе ви прикаже резултати за термини поврзани со пиратерија, всушност дури ќе ве поправи. Пример, ако напишете torent, Google ќе ве праша „Да не мислеше: torrent”.

Но… поентата е што сајтови како MegaUpload, RapidShare, Bittorent и utorrent се сајтови, софтвер и технологија која не е само за пиратерија. Пример, Bittorent е технологија за побрзо пренесување на големи пакети информации. Зошто мора да се поврзе за пиратерија? uTorrent е пак целосно легален софтвер. MegaUpload е сајт кој може да послужи за споделување документ со пријатели или посебен фајл кој не ги прекршува авторските права.

Изоставување на листа сајтови за кои се делумно поврзани со пиратеријата, не го оправдува правот да ги изоставите комплетно од двете опции – автокомплетирање и инстант резултати – кои се наменети да ги навикнат корисниците да стигнат до побрзи резултати.

Тоа што е интересно е што Pirate Bay терминот, кој води до најозоласениот пиратски сајт, е во автокомплетирањето и се прикажуваат инстант резултати. Но затоа е блокиран Ubuntu torrent терминот кој води до комплетно легален софтвер, забележува Torrent Freak<. Друг интересно нешто е што е блокиран и Xunlei терминот за кинески битторент софтвер во чиј развој Google има инвестирано 5 милиони долари.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
3 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Gjoko Pargo
15 years ago

Мене само не ми е јасно зошто авторот на текстот го врзува терминот torrent со пиратерија?! Како торентите да се измислени и да се користат само за нелегално споделување на датотеки…

Viktr Ars
15 years ago
Reply to  Gjoko Pargo

Oд каде тоа дека јас ги врзувам torrent само со пиратерија, иако асоцијацијата е премногу јасна, нели? Всушност има цел параграф во текстот за како тоа како цензурираните сајтови и сервиси не се пиратски.

Но поентата на текстот е дека Google ги цензурира овие термини не затоа што не му се допаѓа torrent технологијата, туку заради пиратерија.

@pipovski
15 years ago

Нема да навлагам во политичкиот сегмент на оваа одлука и селективноста на примената. Страшно е да се помисли со колкава моќ располага Google и како тоа може да се искористи во иднина гледано од аспект на бизнис.

Сега интервенираа во инстант пребарувањето кое повеќе или помалце ќе наштети на горе споменатите гиганти… што ако утре реши сосем да ги изостави од пребарувањето директните конкуренти на сервисите кои ги поседува Google? Или изостави било што друго ради било каква причина… едино што ќе ни преостане е да си свиркаме или да се задоволиме со второкласна алтернатива.

Затоа потребата од здрава конкуренција на виртуелниот простор е повеќе од потребна во секој сегмент.

види ги сите огласи на kariera.it.mk