1
Интернетот се врати во Египет, но протестите ескалираа
По еднонеделното „затемнување“ египетските интернет и мобилни провајдери го повратија интернет пристапот во земјата, но тоа може да биде кратко бидејќи протестите во Египет ескалираа со улични судири меѓу противниците и поддржувачите на долгогодишниот египетски претседател Хосни Мубарак кој најави дека нема да се кандидира на претстојните избори.