0 коментари 1 мин. читање 3 февруари, 2011

Со Honeycomb ќе може да се енкриптира таблетот

Според Google, оваа опција не е ексклузивна за Motorola таблетот, што значи е опција вградена во самиот Honeycomb оперативниот систем и ќе ја има и на другите таблет компјутери од други производители.

Од сликата погоре се гледа дека може да се енкриптираат т.е. шифрираат профили, сетинзи, симнати апликации и нивните податоци, мултимедија и други фајлови. Единствено пробивање на шифрата без PIN или лозинка е фабричко рестартирање на таблетот, што значи бришење на сите податоци.

Интересно, за енкрипцијата е потребно еден час или повеќе, значи батеријата на таблетот треба да биде полна кога ќе се почне со енкрипцијата. Ако се прекине процесот, може да се изгубат податоците!

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top