Но, и покрај обидите на властите, сепак се наоѓаат начини како да се пренесе информацијата кон светот и да се споделат информации, фотографии и видео од самите луѓе вмешани во протестот. Решението за египѓаните се европски активисти кои нудат dial-up пристап до интернет, пишува Deutsche Welle.
„Имавме пристап до dial-up и кога се разбудивме во петок и видовме дека интернетот е недостапен во Египет, нашата прва идеја беше – еј, зарем немаме ние dial-up систем? Тие треба да го користат тоа.“, вели Бенџамин Бајарт, од мал париски French Data Network интернет провајдер.
Бидејќи египѓаните немаат пристап до Twitter, воопшто до интернет, интернационалните броеви за dial-up пристапот се пренесувани низ египетската дијаспора и французите што живеат во Египет. Сепак интернационалните броеви и dial-up работат само за египѓаните со пристап до телефонски модем или сервис за интернационални повици.
Покрај малите провајдери и други активисти кои се обидуваат да им помогнат на египѓаните да се поврзат онлајн, знаејќи го потенцијалот на Интернетот при вакви масовни протести, во играта се вклучи и гигантот Google кој зедно со Twitter стартуваат сервис со кој можат да се претвараат телефонски повици во твитови со хаштагот #egipt.