Со новиот веб Android Market можете полесно да пребаруваат апликации, да читате за нив, и да ги праќате апликациите директно и безжично на вашиот телефон со „неколку клика“. Има корисничка рецензија и рејтинг на апликацијата што секогаш помага при изборот. Дополнително пазарот има и друштвени опции за споделување на апликациите на друштвените мрежи. Со логирање на Google профил во My Market Account ќе може да се прегледаат кои сите апликации сте ги симнале.
Во моментов Android Мarket страната иако достапна, сепак не прикажува бесплатни апликации. На страната се прикажуваат неколку игри на кои кога ќе кликнете добивате листа на „слични“ апликации и опција за инсталирање со која апликациите се инсталираат. Можеби се работи за грешка или бидејќи е тазе и се уште не е стартуван низ светот.
Инаку, поради Android полиси, се уште не е возможно македонските корисници да купуваат Android апликации, како и развивачите да продаваат платени апликации.
Покрај веб базираниот Android пазар, Google на истиот настан (видеото подолу почнува со CNN апликација) го претстави и Аndroid 3.0 Honeycomb оперативниот систем наменет исклучиво за таблет компјутерите.








Многу багиран, 300 invalid requests и чудни кодови излагаат, засега fail.