Виктор Дано

2.842 написи активност: 12/2008 - 10/2016

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Редакција
1
Виктор Дано Веб Свет

Oфицијално е: Microsoft го купи Skype за 8,5 милијарди долари

<Надополнето> Microsoft го купи Skype за 8,5 милијарди долари, со цел да пружи Skype поддршка за Microsoft уредите како Xbox и Kinect, Windows Phone мобилни и идни таблет компјутери, а Microsoft ќе ги поврзе Skype корисниците со Lync, Outlook, Xbox Live и други заедници.

1 коментар Прочитај 10 мај, 2011
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК

Ping.mk се освежи со редизајн

Корисничкиот агрегаотор на популарни вести Ping.mk доби комплетно нов редизајн станувајќи повеќе како сајт со вести, категории, популарни и последни написи, отколку како што беше претходно само листа од соберени линкови. Всушност, листата со линкови останува во делот „агрегатор“, но почетната страна е направена да наликува на веб сајт за брзо прегледување на популарни вести. Опциите за лајкување и коментирање остануваат покрај секој пост.

0 коментари Прочитај 9 мај, 2011
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК

Партиите по 20 часа дневно на Интернет? Get a life!

Во Македонија скоро сите партии имаат тим за интернет кампања. Можеби мотивирани што скоро пола Македонија, скоро 900.000 гласачи се на друштвените мрежи, можеби импресионирани од кампањите на Барак Обама, партиите работат на Facebook профили на кандидатите, Twitter комуникација, YouTube видеа, се праќаат имејлови, се со обид да се биде што е можно поинтерактивни.

2 коментари Прочитај 6 мај, 2011
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК Хак-атак/Приватност

.мк phishing измама

Македонските Facebook корисници се мета на таргетирана локална phishing измама. Корисниците преку хакнати профили на нивните пријатели се водат до страна - http://www.jesjes--slike.tk/ која наликува апсолутно на Facebook со порака „логирај се има твои слики тука“. Целиот текст е напишан на македонски, а ако се обидете да четувате со хакнатиот пријател ќе добиете одговор на македонски бидејќи разговарате со локален black hat хакер зад профилот.

10 коментари Прочитај 6 мај, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Хак-атак/Приватност

Можно пробивање на LastPass, сменете си ја главната лозинка

Веб сервисот за менаџирање на лозинките LastPass објави блог пост во кој вели дека приметиле „аномалија во сообраќајот кој доаѓа до серверите“ каде пратените информации се поголеми од тие стигнатите во време кога никој не работел и од машини кои не праќаат толку многу податоци.

0 коментари Прочитај 6 мај, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Хак-атак/Приватност

Anonymous до Sony: Ние не крадеме кредитни картички

Контроверзната хакерска група Аnonymous во соопштението го отфрли обвинувањето од страна на Sony дека членови на Anonymous се вмешани во пробивањето на Playstation Network од каде се украде огромно количество лични информации за 77 милиони гејмери заедно со нивните кредитни картички.

0 коментари Прочитај 5 мај, 2011
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК

Стартува Donesi.com, веб сервис за нарачување храна

Новиот бесплатен .мк сервис Donesi.com е наменет за интернет нарачување на храна од рестораните без потреба да се врти телефон. Сервисот за почеток има само четири ресторани од Скопје, но најверојатно наскоро ќе се додадат уште ресторани и сендвичари како од Скопје така и од другите .мк градови.

2 коментари Прочитај 5 мај, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Свет Софтвер

Facebook ќе го купи Skype?

И Facebook и Google размислуваат или да го купат Skype или да направат заедно некаква соработка откако Skype го одложи излегувањето на берзата, пишува Reuters повикувајќи се на анонимни извори.

1 коментар Прочитај 5 мај, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Веб Свет

Сите победници на 15-тите Webby Awards

Од Џастин Бибер, Џим Кери, Angry Birds и Лего до Old Spice, Onion, NewYorker, Dropbox и Funny or Die... на 15-тите по ред престижни интернационални Webby Awards се прогласија победници според жирито од Интернационалната академија за дигитална уметност и наука, и според публика во скоро 70 категории.

0 коментари Прочитај 4 мај, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Мобилни

Bing на Blackberry, Microsoft и RIM влегоа во соработка

Blackberry уредите на Research in Motion (RIM) ќе користат Bing како избран интернет пребарувач во прелистувачот и Bing ќе биде зададен (default) пребарувач и апликација за мапи за новите уреди. Bing ќе биде и избран пребарувач и апликација за мапи со нормалното место и промоција на BlackBerry App World.

0 коментари Прочитај 4 мај, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи Свет

Ja блогирав во живо смртта на Осама бин Ладен, вели @ReallyVirtual

Озогласениот Осама бин Ладен е мртов! Убиен e од американските сили кои трагаа по него уште од 2001-ва година кога терористичката организација Ал-Каеда ги сруши кулите во Њу Јорк. Тогаш немаше друштвени мрежи кои денес, десет години подоцна, се алатки за споделување на клучните информации, дури и за блогирање во живо на акцијата која доведе до смртта на терористот.

1 коментар Прочитај 3 мај, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Интервјуа ИТ.МК

„Ништо нема да се случи“ во Охрид, сите хакери од .мк и регионот се поканети

На 28-29 мај за прв пат во Охрид ќе се одржи „Ништо нема да се случи“ собирот на кој се поканети сите ИТ ентузијасти и хакери, како од Македонија така и од регионот со цел да се запознаат ИТ заедниците и можеби да соработуваат на разни проекти.

18 коментари Прочитај 29 април, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Мобилни Хак-атак/Приватност

Стив Џобс: Android ве следи. Не ние.

Минатата недела беше откриено дека iPhone ја собира локацијата на корисникот. Подоцна ваква пракса на складирање на локацијата беше најдена и во Android, кој скоро на ист начин како и iPhone ги собира локациите, открива шведскиот програмер Магнус Ериксон. Android собира информации за локацијата од најблиските 200 Wi-Fi мрежи на кои што наидува и прави листа од 50 места. Кога таа листа ќе се исполни локацијите се бришат, првин најстарите, што е различно за iPhone кој чува локација од скоро година дена. Исто така поразлично од iPhone е што на Android е малку потешко да се дојде до фајлот со локациите, додека кај првиот тој фајл не е заштитен ниту енкриптиран.

5 коментари Прочитај 26 април, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи Свет

Со 700 милиони корисници, Facebook е помал само од религиите, Windows и Google

Facebook станува огромен. Стана секојдневно место за најновите информации и влијателен фактор дури и за претседателот на САД да ја стартува својата кампања на друштвената мрежа чие Like копче, претставено пред скоро година дена, се наоѓа на 2.5 милиони веб сајтови.

4 коментари Прочитај 23 април, 2011
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК

Нов агрегатор на групни попусти Багатела.мк има и мапа за каде се понудите

Багатела.мк e агрегатор на групни попусти, собирајќи ги сите попусти од сите .мк сервиси за групно купување на едно место. Ваквите агрегатори се појавија од неодамна продолжувајќи го трендот на групното купување. За тие што не знаат, групното купување подразбира дневни попусти за кои е потребно да се соберат доволен број, пример 20, заинтересирани корисници за истиот да успее т.е. да биде дозволен. Доколку нема доволно луѓе се враќаат парите.

6 коментари Прочитај 22 април, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Мобилни Хак-атак/Приватност

Како iOS уредите ви ја снимаат локацијата

Се чини дека Apple ја знае локацијата на сите iPhone корисници па дури и кога ќе сменат уред, синхронизирајќи таен фајл преку iTunes. Двајца истражувачи, Пит Варден и Алесдар Алан велат дека е можно да се собирани податоци за локацијата скоро година дена почнувајќи од iOS 4 надградбата на оперативниот систем која беше објавена во јуни 2010-та.

2 коментари Прочитај 21 април, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Хардвер

Intel се ангажира околу Android

Intel го има добиено специјализираниот-за-таблет-компјутери Honeycomb кодот, кој ќе го прилагодат да работи на нивната x86 архитектура.

0 коментари Прочитај 21 април, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Мобилни

Сега и официјално започна соработката меѓу Nokia и Microsoft

Денеска Nokia и Microsoft официјално го претставија партнерството што „ќе резултира во нов глобалем мобилен екосистем“. Најважен момент од соработката е што Nokia ќе го отфрли Symbian како оперативен систем за своите паметни телефони, а ќе го замени со Windows Phone.

1 коментар Прочитај 21 април, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Свет

Закерберг го интервјуираше претседателот Обама

Основачот на Facebook, Марк Закерберг направи интервју со претседателот на САД, Барак Обама кој ја стартува својата кампања за вториот мандат Facebook настанот е да се привлече и ангажираат младите за политичките прашања, всушност самата кампања на г. Обама стартуваше токму со Facebook апликација и сајт со Facebook Connect.

3 коментари Прочитај 21 април, 2011
Мени
Заедница
Изглед