Голема промена на Ubuntu 11.04 е новиот Unity десктоп интерфејс кој Launcher за стартување на апликациите, сличен како таскбарот на Windows 7, каде може да се закачуваат икони на него. Има и нова опција Dash, која, кога ќе се кликне логото на Ubuntu во левиот ќош, се отвара нов „dash” преку кој се стига полесно до апликации, фајлово и фолдери. Има и нов Workplace кој овозможува да се менаџираат неколку апликации преку неколку прозорци во исто време.
Според Canonical, компанијата зад Ubuntu проектот, Ubuntu 11.04 се истакнува од конкурентите како „уникатна бесплатна алтернатива за Windows, дозволувајќи му на корисниците да си го персонализираат својот PC со бесплатни и платени апликации на начин што се докажа како популарен во паметните телефони и на таблет пазарот“.
„Со оваа верзијa Ubuntu ќе привлече комплетно нов бран на корисници до слеободниот софтвер. Ubuntu 11.04 е високо одбележје за што беше достигнат со технологиите со отворен код за секојдненото компјутерски корисник.“, вели директорката на Canonical, Џејн Силбер.
What’s new in Ubuntu 11.04? from Canonical Design on Vimeo.
Покрај OpenOffice, новиот Ubuntu има и LibreOffice апликација за едитирање на документи, a сега Banshee е по зададено(default) музички плеер, наместо Rhytmbox. Додадена е и новата четвта верзија на Firefox како прелистувач по зададено.
Ubuntu 11.04 може да го симнете од веб, а најавено е дека наскоро ќе може да се користи и Ubuntu 11.04 десктоп преку облакот.



Коментари
13 коментари
Коментарите се затворени.