Ja блогирав во живо смртта на Осама бин Ладен, вели @ReallyVirtual

Првата најава за веста дојде од Кит Урбан, помошник на поранешниот американски секретар за одбрана Доналд Рамсфелд, кој во краток твит најави дека има „информации од доверливо лице дека е убиен Осама бин Ладен“. Многу бргу по неговиот твит веста се појави и на останатите медиуми и следуваше прес-конференција на американскиот претседател.

So I’m told by a reputable person they have killed Osama Bin Laden. Hot damn.less than a minute ago via Twitter for BlackBerry® Favorite Retweet Reply

Тој подоцна ќе каже дека ја добил веста од телевизиски продуцент на вести и затоа „колку и да верува во граѓанското новинарство, сепак ова не е доказ за тоа“. Но, г. Урбан иако е прв кој јавно ја откри веста, сепак најавата за убиството на Осама дојде од Сохиб Атар, пакистански ИТ консултант, кој за време на случувањата на акцијата твитна дека има хеликоптер над Аботабад, гратчето каде е убиен Осама, велејќи дека ова „е ретка случка“ бидејќи, нели, талибанците немаат хеликоптери. За многу бргу тој потоа додава во неколку твита дека има експлозии, наводни вести за паднат хеликоптер и авиони над Аботабад. Тој всушност ја блогира акцијата во живо, за време на случувањата, иако во самиот момент ни тој самиот не е свесен какво значење носат неговите твитови.

A huge window shaking bang here in Abbottabad Cantt. I hope its not the start of something nasty :-Sless than a minute ago via TweetDeck Favorite Retweet Reply

@jovensclaudio The gunfight lasted perhaps 4-5 minutes, I heard. That was around 10 hours ago. There are no other gunfights that I know of.less than a minute ago via TweetDeck Favorite Retweet Reply

and a video of OBL’s hideout in Abbottabad – after the incident (shared by friend) http://www.youtube.com/watch?v=NlWMsApBOwsless than a minute ago via TweetDeck Favorite Retweet Reply

Споделувањето информации за настаните како што г. Атхар ги видол и чул од други луѓе на крај ќе го означи како човекот кој ја блогираше во живо смртта на Бин Ладен.

Uh oh, now I’m the guy who liveblogged the Osama raid without knowing it.less than a minute ago via TweetDeck Favorite Retweet Reply

I am JUST a tweeter, awake at the time of the crash. Not many twitter users in Abbottabad, these guys are more into facebook. That’s all.less than a minute ago via TweetDeck Favorite Retweet Reply

Граѓанско новинарство или случајност, ова е уште еден значителен момент во кратката, пет годишно постоње на Twitter, сервис со пораки од 140 карактери кој освен за кажување кој каде и што вечерал, се истакнува пак-и-пак-и-пак како корисна алатка за споделување на клучни вести и нивно брзо ширење низ целиот свет.

President Obama: “I can report to the American people and to the world, that the US has conducted an operation that killed Osama bin Laden”less than a minute ago via web Favorite Retweet Reply

Интернетот како место за информација, зголемо користење по веста за убиството на Осама

Можеби Интернетот во 11-ти септември 2001-ва беше само луксуз, но денес е неопходен за секојдневното информирање. Akamai, компанија која доставува веб содржина до популарни светски сајтови, вели дека интернет собраќајот забележал 24 отсто пораст по веста дека е убиен Осама бин Ладен, споредено со просечните денови. Кога американскиот претседател Барак Обама ја одржал прес-конференцијата да ја потврди смртта на Oсама, имало по 4.1 прегледи на страни секоја минута, што е скоро два пати повеќе од час пред да се дознае веста. Интересно, оваа вест не е меѓу десетте најмоменти кога се прегледани најмногу страни во минута.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] разлика дали е приказна за „убиството на Бин Ладен“ или „слетувањето на авион на реката Хадсон“, кои го […]