Avatar photo

Дејан Соколоски

8.762 написи активност: 04/2011 - 11/2026

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски ИТ.МК

Trackle.mk – нова апликација за следењe поштенски пратки, овој пат и на iOS

Trackle.mk е нова Android и iOS апликација која овозможува следење на поштенски пратки. Последниве неколку години видовме неколку слични апликации. Најпрво тука беше ПТТ Тракер, па „Мои Пратки“, а сега е достапна и Trackle.mk. Trackle е дело на Никола Ѓоргиев кој пред неколку години објавуваше C# и JavaScript туторијали на Youtube. Новата апликација е бесплатна, […]

3 коментари Прочитај 15 септември, 2023
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски ИТ.ЕУ

Поради преголемо зрачење Франција ја забрани продажбата на iPhone 12

Франција му забрани на Apple да продолжи со продажбата на iPhone 12. Причина за сопирањето на продажбите е емитирањето на преголемо електро-магнетно зрачење. Покрај забраната Apple треба и да ги поправи своите постоечки уреди. Зрачењето кај овие телефони не е во согласност со европските закони, вели Француската национална агенција за фреквенции. „Што се однесува до […]

0 коментари Прочитај 13 септември, 2023
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Мобилни Софтвер

Нов zero-day баг на iPhone и iPad: Blastpass овозможува хакирање без интеракција

Безбедносните експерти на Citizen Lab открија нов ланец напади кој може да се користи за заобиколување на заштитата на iPhone. Веќе се пронајдени телефони кај кој пропустот е искористен за инсталирање на малициозен софтвер од NSO Group. „Минатата недела, додека проверувавме уред на вработен во граѓанска организација со седиште во Вашингтон и со меѓународни канцеларии, […]

0 коментари Прочитај 11 септември, 2023
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски ИТ.ЕУ

Официјално Alphabet, Amazon, Apple, ByteDance, Meta и Microsoft се првите „gatekeepers“

Веќе пишувавме дека Европската унија ќе ја објави целосната листа на компании означени како „gatekeeper“ оваа недела. Комисијата ја објави и официјалната листа на која се најдоа Alphabet, Amazon, Apple, ByteDance, Meta, Microsoft. Единствено изненадување е неприсуството на Samsung кој во дел од листите беше неофицијално објавуван како шеста компанија „gatekeeper“. Она што сега е […]

0 коментари Прочитај 7 септември, 2023
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Премиум содржина Хак-атак/Приватност

Автомобилите немаат ни „П“ од приватност

„Privacy not Included“е своевиден водич за купувачите креиран од Mozilla. Единствен интерес на водичот е приватноста на производите, или како што почесто е случај недостатокот на приватност. Оваа недела го претставија извештајот за автомобили со наслов „Privacy Nightmare on Wheels“. Како што може да претпоставите од насловот резултатите не се […] За пристап до оваа содржина, мора да купите PRO членство.

0 коментари Прочитај 6 септември, 2023
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски ИТ.ЕУ

Bing и iMessage не се доволно популарни за да бидат регулирани

Microsoft и Apple тврдат дека нивните две платформи Bing и iMessage не се доволно популарни за да бидат означени како „gatekeeper“ во Европа. Со Digital Markets Act дел од компаниите ќе бидат идентификувани како „gatekeepers“. Продуктите и сервисите кои се во оваа група се поригорозно надгледувани и правилата кои важат за нивно регулирање се значително […]

0 коментари Прочитај 5 септември, 2023
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Веб Вести

Futurism: Вештачката интелигенција на Google само го рециклира ѓубрето од ChatGPT

Вештачката интелигенција без сомневање може да биде супер корисна алатка. Четботови како ChatGPT или Bard може да се користат за едукација, подобра продуктивност, истражување, грижа за корисници, здравство и на куп други места. Сепак, се чини дека и натаму најважно е да не ги сфаќаме премногу сериозно. Неодамна Futurism истражувајќи […] За пристап до оваа содржина, мора да купите PRO членство.

0 коментари Прочитај 5 септември, 2023
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Веб Друштвени мрежи

Друштвените мрежи не се справуваат најдобро со дезинформациите од Русија

Најголемите друштвени мрежи, но и канали за комуникација како Telegram не прават доволно за да се справат со пропагандата од Русија. Ова е заклучокот на истражувањето направено од Европската Унија. Facebook, Instagram, X, TikTok, YouTube и Telegram беа цел на интерес на истражувањето кое покажа дека најголем дел од компаниите не направиле никакви прилагодувања по […]

0 коментари Прочитај 5 септември, 2023
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Хак-атак/Приватност

Федералното истражно биро ја уништи Qakbot ботнет мрежата

Оваа недела Федералното истражно биро успеа да ја прекине работата на ботнетот креиран со малициозниот софтвер Qakbot. Сајбер акцијата имаше координирани активности во САД, Франција, Германија, Холандија, Велика Британија, Романија и Латвија. „Сајбер-криминалците кои се потпираат на малициозен софтвер како Qakbot за да крадат приватни податоци од невини жртви, ги потсетивме дека не работат надвор […]

0 коментари Прочитај 31 август, 2023
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Вести

Со Connections, Wordle го доби својот наследник

Веројатно нема причина да ве потсетуваме на Wordle. Играта e супер заразна и во еден период беше на самиот врв, барем кога „puzzle“ игрите се во прашање. Играта доби милион клонови и локализирани верзии, а имаше и верзија на македонски! На крајот на јануари New York Times ја купи играта за необјавена седумцифрена сума. Но […]

0 коментари Прочитај 30 август, 2023
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Хардвер

Хардвер од оваа недела: Sony Portal, Qualcomm  G Series, Atari 2600+, првиот електричен Lamborghini

Кога хардверот е во прашање, оваа недела не беше здодевна. Sony претстави  додатоци за PlayStation 5; Qualcomm повторно ќе се обиде да ги освои рачните конзоли; Atari има нова конзола; а Lamborghini претстави електричен автомобил. Sony го претстави PlayStation Portal Sony немал рачна конзола уште од Vita. Поради ова, многумина се израдуваа кога ја видоа […]

0 коментари Прочитај 29 август, 2023
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Премиум содржина Свет

Русија блокира GPS сигнали за да го скрие Путин

Рускиот претседател Владимир Путин е под постојана заштита и при секое негово движење е опкружен од безжичен „облак“ кој ги блокра GPS сигналите на сите уреди во близина. Оваа пракса е воспоставена од поодамна, но реално е опасност за возачите, авионите, бродовите кои имаат потреба од GPS. Најголем дел од […] За пристап до оваа содржина, мора да купите PRO членство.

0 коментари Прочитај 25 август, 2023
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Вести

Watsonx на IBM преведува од COBOL во Java

IBM ги претстави можностите на WatsonX – вештачка интелигенција која ќе овозможи „преведување“ на код напишан од еден програмски јазик во друг. Алатката поддржува 80 програмски јазици, но фокус на оваа објава е превод на код од COBOL во Java. „IBM изгради нов, современ, генеративен модел на вештачка интелигенција за да ги трансформира легаси COBOL […]

0 коментари Прочитај 23 август, 2023
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Премиум содржина Свет

Податоци на 2 милиони сопственици на Toyota биле јавно достапни 10 години

Автомобилите на Toyota важат за дел од најбезбедните и најдоверливи возила на автомобилскиот пазар, но една човечка грешка и новата реалност дека возилата, како и фактот дека денеска сè е дигитална машина поврзана со интернет, ја промени оваа сликa. Податоци од над 2 милиони корисници на T-Connect системот на Toyota […] За пристап до оваа содржина, мора да купите PRO членство.

0 коментари Прочитај 23 август, 2023
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Вести

Microsoft ќе ги продаде правата за гејминг во облакот за игрите од Activision-Blizzard

По сè изгледа приказната на Microsoft со купувањето на Activision-Blizzard наскоро ќе ја добие својата завршница. Најголем дел од државите со исклучок на Велика Британија, веќе го одобрија купувањето. Оваа недела Microsoft објави дека ќе им ги продаде правата за играње видеоигри од Activision Blizzard во облакот на Ubisoft. За да ги одоброволи и „Британците“, […]

0 коментари Прочитај 22 август, 2023
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Хардвер

Хардвер од оваа недела – нови бенчмарк тестови на Intel Core i7-14700K, Apple тестира М3-процесор, Lenovo Legion Go

Како што се приближува септември полека заживуваат и хардвер вестите. Засега нема премногу, но има многу повеќе од последните неколку недели. И оваа недела во фокусот се повеќе шпекулации и вести кои не се потврдени, но сепак изворите во минатото честопати биле во право. Протекоа бенчмарк тестовите на Intel Core i7-14700K Протекоа најновите бенчмарк тестови […]

0 коментари Прочитај 20 август, 2023
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Вести

Новото поле за натпревар за вештачката интелигенција е кодирањето

По Microsoft и Google, вештачка интелигенција која ќе биде помошник при кодирање наскоро ќе издаде и Meta. Асистентот на Meta ќе биде наречен „Code Llama“ и е базиран на Llama 2 моделот. Вештачката интелигенција која ќе им помага на програмерите во пишувањето на код, би можеле да ја видиме веќе следната недела. Code Llama ќе […]

0 коментари Прочитај 18 август, 2023
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Хак-атак/Приватност

Масовни QR-код фишинг напади нов тренд за прескокнување на безбедноста

Безбедносните експерти на Cofense последните четири месеци забележале нов начин на фишинг напади. Напаѓачите користат QR-кодови во масовни напади, ова е прв ваков случај, а „омилена“ жртва на напаѓачите е американски гигант од енергетскиот сектор. Кампањата трае веќе неколку месеци, од мај до август. Најголем дел од нападите се во јули, а дури 29% од […]

0 коментари Прочитај 18 август, 2023
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Вести Криптовалути

Основачот на FTX.com сакал да си купи остров-држава за да изгради бункер

Самуел Бенкман-Фрид, познат и само по иницијалите СБФ (SBF) е американски претприемач и инвеститор, но во моментов е препознатлив единствено по еден од најголемите крипто судски спорови за измама. Бенкмен-Фрид во еден момент беше 41-ви на листата најбогати Американци, а веќе во следниот беше обвинет за една од најголемите финансиски измами […] За пристап до оваа содржина, мора да купите PRO членство.

0 коментари Прочитај 16 август, 2023
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Совети

Три супер-корисни екстензии за Chrome

Веројатно сте забележале дека веќе неколку месеци ако симнете некоја слика преку прелистувач, иако е JPG или PNG, се симнува како WebP формат. Потрагата по едноставен начин за преземање на овие слики во формат во кој веднаш ќе бидат подготвени за уредување нѐ донесе до Save image as Type екстензијата, и не потсети дека одамна […]

0 коментари Прочитај 16 август, 2023
Мени
Заедница
Изглед