Microsoft ќе ги продаде правата за гејминг во облакот за игрите од Activision-Blizzard

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести

По сè изгледа приказната на Microsoft со купувањето на Activision-Blizzard наскоро ќе ја добие својата завршница. Најголем дел од државите со исклучок на Велика Британија, веќе го одобрија купувањето. Оваа недела Microsoft објави дека ќе им ги продаде правата за играње видеоигри од Activision Blizzard во облакот на Ubisoft.

За да ги одоброволи и „Британците“, Microsoft направи преструктуирање на договорот. Правата за стримање на видеоигри од облакот за актуелните и идните игри на Activision Blizzard се префрлени на Ubisoft. Договорот се однесува на видеоигрите за десктоп, но и на игрите за конзоли.

Во следните 15 години Microsoft нема да има ексклузивно право да ги издава игрите на Activision Blizzard на Xbox Cloud Gaming. Во „рацете“ на Ubisoft е и лиценцирањето на игрите. Ubisoft ќе може да издава лиценци на конкуренти на Microsoft, за да може да ги издаваат игрите на своите платформи во иднина. Ubisoft ќе ги поседува правата за стрим на игрите надвор од Европската Унија.

Европската Унија веќе се изјасни за договорот. Ова беше направено под првична претпоставка дека Microsoft ќе дозволи популарните игри да бидат издавани и на конкурентни сервиси во облакот. Тоа требаше да важи за целиот свет. Со новиот договор ќе важи исклучиво за Европа, а за остатокот од светот лиценци ќе издава Ubisoft. Сега Европската комисија разгледува дали има потреба од ново разгледување на договорот, вели портпаролката на ЕК, Ариана Подеста, за Verge.

Microsoft ќе биде обештетен за правата за стримање на игрите со еднократно плаќање. Дополнително има и опција за плаќање во зависност од користењето. Ubisoft ќе може да ги понуди игрите на Activision Blizzard на облак сервиси кои не користат Windows како оперативен систем, вели Бред Смит, потпретседател на одборот и претседател на Microsoft Corp.

Причина за продажбата секако е одобрувањето од Британската Агенција за конкуренција и пазар. Иако најголем дел од државите разгледуваа како купувањето ќе влијае на видеоигрите, Британија ја блокираше зделката поради загриженост дека купувањето на Blizzard ќе направи монопол на пазарот на видеоигри во облакот. Во моментов тој сегмент речиси и не постои. Сепак агенцијата стравува дека договорот ќе ја промени иднината на брзорастечкиот пазар за онлајн гејминг.

Подоцна, Британија ја промени својата одлука, и од блокирање, одлучи да ја прифати понудата на Microsoft за промени. Отстапките кои ги направи Microsoft ќе бидат разгледани во агенцијата. Конечната одлука ќе биде донесена најдоцна на 18-ти октомври.

Плановите и првата објава за купување на Activision Blizzard за 68,7 милијарди долари Microsoft ги објави во јануари 2022 година. Конечниот рок за купувањето, кој беше зададен за пред неколку месеци се помести неколку пати, но по се изгледа во октомври ќе биде донесена конечна одлука.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments