Хардвер од оваа недела: Sony Portal, Qualcomm  G Series, Atari 2600+, првиот електричен Lamborghini

Avatar img-thumbnail img-circle

во Хардвер

Кога хардверот е во прашање, оваа недела не беше здодевна. Sony претстави  додатоци за PlayStation 5; Qualcomm повторно ќе се обиде да ги освои рачните конзоли; Atari има нова конзола; а Lamborghini претстави електричен автомобил.

Sony го претстави PlayStation Portal

Sony немал рачна конзола уште од Vita. Поради ова, многумина се израдуваа кога ја видоа најавата на PlayStation Portal. Уредот личи на рачна конзола, но за жал многу повеќе е додаток за PlayStation 5 отколку било што друго. Она што сигурно не е, е конзола која работи самостојно.

PlayStation Portal е рачен уред кој може да стрима видеоигри од PlayStation 5. Доаѓа со 8-инчен LCD екран со резолуција 1080р и рефреш од 60Hz. Покрај екранот на кој отпаѓа најголем дел од Portal, од левата и десната страна се сместени контролите. Уредот помалку наликува на развлечен контролер на кој сте му залепиле голем паметен телефон на средина. Контролите се слични како на DualSense што секако е за поздравување.

Цената на Portal е 200 долари, што и е, и не е премногу со оглед на она што го нуди. Најголем недостаток на Portal е што не е конзола, и практично ништо не работи локално, туку мора да се стрима од конзолата. Можеби поголемо изненадување е што уредот нема да работи ниту со стримањето игри од облакот на Sony. За воопшто да функционира потребен е интернет со брзина од 5Mbps, а за да функционира како што треба потребна е брзина од 15Mbps.

За сопствениците на квалитетни Bluetooth слушалки Sony има лоши вести. Уредот не поддржува Bluetooth. Наместо ова слушалките се поврзуваат преку новата технологија на Sony – PlayStation Link. Очекувано, единствениот пар безжични слушалки доаѓа од Sony. За среќа има простор за приклучок на слушалки преку кабел.

Portal без сомневање е најголемо разочарување за луѓето кои очекуваа нова рачна конзола. Веројатно единствената добра вест е дека ако сте сопственик на PlayStation 5 конзола ќе може да ја користите без разлика каде и да сте. Portal може да ја вклучи конзолата без разлика каде се наоѓа корисникот. Единствена пречка за користење на уредот е ако некој друг ја користи конзолата во истото време.

Pulse Explore и Pulse Elite нови безжични слушалки

The Pulse Explore и Pulse Elite се првите слушалки кои ја поддржуваат PlayStation Link технологијата на Sony. PlayStation Link треба да овозможи ненамален квалитет и звук без доцнење, иако станува збор за безжична технологија.

Pulse Elite е поголем едноделен сет слушалки наменет за PlayStation 5. Pulse Explore се мали слушалки за во уво. Компанијата се обидува да креира слушалки кои ќе бидат незаменливи за гејминг. Ова се чини дека е заедничко за двата уреди иако според цената и нема да бидат премногу достапни. Pulse Explore чинат 200 долари, а Pulse Elite 150 долари.

Eдинствен уред кои ги поддржува слушалките е Portal. Дури ни PlayStation 5 нема поддршка, и за слушалките мора да се користи дополнителен дел (dongle). Засега нема официјално соопштение, но наскоро би можеле да ја видиме нова PlayStation 5 Slim конзола, која ќе доаѓа со PlayStation Link.

Microsoft во целост престанува со Kinect

Ако малку ве збуни поднасловот, во право сте. Microsoft за прв пат ја повлече комерцијалната верзија на Kinect во 2017 година. Подоцна го реиздаде како Azure Kinect Developer Kit за да им помогне на луѓето кои имаат некаква идеја да ја реализираат. Оваа верзија на уредот компанијата ја претстави во 2019 година и доаѓа со „time-of-flight“ AI сензор за длабочина, 7 микрофони,12 MP RGB камера и 1 MP камера за длабочина.

By Antonio Roberts from Birmingham, Britain – Kinect sensor for Xbox 360, CC BY-SA 2.0, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=46524779

Во најголем дел компанијата сакаше да им излезе во пресрет на девелоперите и истражувачите кои работеа на развој на различни апликации, но ова време помина.

Компанијата сега во целост престанува со производство на уредот, и октомври ќе биде последниот месец во кој ќе биде достапен во продажба. По ова, Kinect ќе може да продолжи да се користи без никаква пречка, но продажба нема да има.

Lamborghini го претстави Lanzador прво електрично возило

Ако не можеш да ги победиш… Lamborghini е најновиот производител на хипер-автомобили кој претстави електрично возило. Компанијата на Monterey Car Week го престави концепт автомобилот Lanzador.

Со овој концепт влегуваме во нов автомобилски сегмент Ultra GT, подготвени сме да им понудиме на клиентите ново и неспоредливо возачко искуство, нешто што благодарение на револуционерните технологии, суштински е Lamborghini.

Lanzador доаѓа со два електрични мотори со вкупна електрична моќност од над 1MW. Автомобилот се прилагодува на условите на патот, а возачот може да го промени однесувањето на возилото преку контроли на воланот.

Lanzador е дел од поширока стратегија на Lamborghini за намалување на емисијата на CO2. Производителот има планови во иднина да продолжи да развива електрични возила.

Atari претстави нова конзола  – Atari 2600+

Една од омилените компании за развој на конзоли и видеоигри од минатото Atari, претстави нова конзола. Atari 2600+ овозможува играње на видео игри од 2600 и 7800 кетриџи, и доаѓа како замена за Atari VCS, кој од крајот на минатата година престана да се произведува.

Новата конзола е речиси идентична со оригиналот, иако благодарение на напредокот на технологијата е 20% помала. Сепак, за разлика од оригиналот 2600+ доаѓа со HDMI излез и поддршка за „widescreen“-екрани. Atari 2600+ доаѓа со Rockchip 3128 процесор; 256MB DDR3 RAM; и 256MB eMMC диск.

Конзолата доаѓа со CX40+ џојстик и 10-во-1 кетриџ со популарни видеоигри. На кетриџот се достапни Adventure, Combat, Dodge ‘Em, Haunted House, Maze Craze Missile Command, RealSports, Volleyball, Surround, Video Pinball и Yars’ Revenge. Ова секако не се сите игри кои беа достапни на оригиналната конзола, но ако по некое чудо чувате некој од кетриџите, добра вест е дека ќе функционираат и на новата конзола. Atari веќе објави листа на сите игри кои се достапни.

Според најавата конзолата ќе биде достапна за испорака единствено во САД, а за во остатокот од светот ќе биде достапна преку партнери. Испораката започнува во ноември, а цената на Atari 2600+ е 130 долари.

Qualcomm не се откажува од гејминг конзоли

Еден од најголемите производители на чипови за паметни телефони – Qualcomm е подготвен повторно да се обиде да го освои пазарот на Android конзоли. Производителот најави нови G3X Gen2 чипови, првенствено наменети за Android рачни конзоли. Како и кај телефоните и овде ќе има процесори за „flagship“-уреди и за послаби уреди. G3X е најмоќниот чип во серијата, а G1 и G2 се наменети за поевтини уреди. Засега нема премногу податоци, со исклучок на неколку за спецификациите.

Snapdragon G3x Gen 2 доаѓа со 8-јадрен Kryo процесор и Adreno A32 графички процесор. Има поддршка за FHD+ дисплеј со рефреш до 144 Hz. Покрај ова има поддршка за Wi-Fi 7, Bluetooth 5.3, mmWave и Sub-6 5G, Fast Connect 7800.

Snapdragon G2 Gen 1 доаѓа со истиот процесор и Adreno A21 графички процесор. Поддршката за поврзување преку Wi-Fi 6/6E, Bluetooth 5.0, mmWave и Sub-6 5G, FastConnect 6700.

Најслабиот чип во класата Snapdragon G1 Gen 1 доаѓа со 8-јадрен Kryo процесор и Adreno A11 графички процесор. За поврзување поддржува единствено Wi-Fi 5 и Bluetooth 5.0. Кога дисплејот е во прашање, 1080p и рефреш до 60 Hz е максимумот на овој чип.

G3X Gen 2 веќе го доби и првиот уред кој ќе го користи. Производителот на Ayaneo Pocket S објави дека рачната конзола ќе доаѓа со Qualcomm Snapdragon G3x Gen 2. Засега тоа е сѐ што е објавено.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments