Веројатно сте забележале дека веќе неколку месеци ако симнете некоја слика преку прелистувач, иако е JPG или PNG, се симнува како WebP формат. Потрагата по едноставен начин за преземање на овие слики во формат во кој веднаш ќе бидат подготвени за уредување нѐ донесе до Save image as Type екстензијата, и не потсети дека одамна не сме виделе некои интересни екстензии. Да бидам комплетно искрен веќе од поодамна и немам случајно налетано на некоја екстензија која ме воодушевила.
Save image as Type
Од оваа година WebP е препорачан формат за слики според Google. Ова не е изненадување. Сликите во овој формат се околу 25% помали, што значи дека зафаќаат помалку простор, страниците се вчитуваат побрзо, а сликите се со ненамален квалитет. За жал, ова не е некоја утеха ако сакате да ја обработите сликата, или ако сакате да ја споделите сликата со некој. Секако постојат екстензии за софтверот кои ќе го овозможат ова, но има и далеку поедноставно решение.
Save Image as Type е супер едноставна екстензија која го надминува проблемот со преземање на сликите како WebP. Екстензијата овозможува преземање на сликата на PNG или JPG формат. WebP секако е супер корисен, но е далеку понераспространет за најголем дел од корисниците.
За користење на треба премногу. Сè што треба да направите е да го отворите Chrome и да ја инсталирате екстензијата. Потоа треба да го рестартирате Chrome. По ова покрај Save Image, во секцијата под оваа ќе забележите дека е додадено и Save Image as Type. Ова овозможува сами да си одберете формат, иако изборот е помеѓу JPG и PNG.
Tab Wrangler
Ако сте како мене, тоа значи дека што и да правите имате отворени барем 900 веб-страници во прелистувачот. Секако најголем дел од страниците не ви се потребни, но не ги затворате. Chrome од неодамна троши нешто помалку ресурси, но тоа не значи дека Chrome наеднаш е штедлив
За да не ги затворате страниците, а и да заштедите дел од ресурсите, може да користите Tab Wrangler. Екстензијата автоматски ги затвора табовите во прелистувачот кои се отворени предолго без никаква интеракција во нив. Бројките се менуваат – корисникот сам може да означи над колку отворени табови да се активира екстензијата, и после колку време откако нема активност. Сепак, еве пример како функционира. Tab Wrangler автоматски се активира ако има отворено над 5 таба. Ако во некои од овие табови нема активност 20 минути, екстензијата автоматски ќе ги затвори. Сите страници кои не сакате да бидат затворени може да ги одбележите како заклучени и екстензијата нема да ги затвори.
Секако автоматското затворање нема да биде супер корисно ако тоа е единствената работа која ја прави екстензијата. Ова е корисно за оние табови кои заборавате да ги затворите, но што со табовите кои сакате да ги прочитате во иднина.
Tab Wrangler помни листа од последните 100 затворени табови. Ова е своевиден начин на кој може да ги букмаркувате страните без навистина да го направите ова. Придобивките се подобри перформанси на компјутерот, и чување на страниците.
Fox Clock
Последната екстензија за овој текст е Fox Clocks. Ова е една од оние екстензии кои или ви се потребни, или никогаш нема да дознаете за неа. Станува збор за уште една супер едноставна екстензија која всушност на корисниците им овозможува додавање на повеќе „часовници“ или локални времиња во прелистувачот.
Додавањето на часовници е едноставно и флексибилно. Практично нема некое ограничување според бројот на зони кои сакате да ги следите. Дали навистина ви е потребна екстензијата зависи од тоа дали работите со клиенти и луѓе во различни временски зони или не. Дополнително веќе постојат и Windows апликации и функционалности кои го овозможуваат истото, па можеби може да преживеете без Fox Clock. Секако користењето на екстензијата е супер едноставно, а единствено треба да одберете да се покажува цело време (pin).
Кои се вашите омилени екстензии? Кои екстензии најмногу ги користите? Пишете ни во коментарите?