Друштвените мрежи не се справуваат најдобро со дезинформациите од Русија

Најголемите друштвени мрежи, но и канали за комуникација како Telegram не прават доволно за да се справат со пропагандата од Русија. Ова е заклучокот на истражувањето направено од Европската Унија. Facebook, Instagram, X, TikTok, YouTube и Telegram беа цел на интерес на истражувањето кое покажа дека најголем дел од компаниите не направиле никакви прилагодувања по почетокот на војната во Украина. Исклучок е Twitter, кој ги променил правилата за користење. Сепак, по купувањето на платформата од Елон Маск промените се вратени.

Надвор од промени во правилата за користење најзначајни промени има  направено YouTube. Платформата за споделување на видео содржина го забрани пристапот на сите профили поврзани со руските медиуми. Сепак ова е тешко да се провери, па истражувачите имаат забелешка која се однесува на овој предизвик.

Дополнителен предизвик, покрај отстранувањето на официјалните канали на медиумите кои се поддржани од руските власти се неофицијалните поддржувачи. Од април 2022 година значително е поголем бројот на информации кои ги споделува персоналот во Кремљ, отколку медиумите кои ги поддржуваат руските власти. Има и профили кои се симпатизери, но не добиваат поддршка од властите. Според процените корисниците на споменатите друштвени мрежи биле изложени на содржини од овие креатори над 80 милијарди пати.

Според апсолутни бројки најмногу дезинформации се споделуваат на Facebook. Ова секако не е никакво изненадување. Најпопуларната друштвена мрежа има најмногу корисници, па тоа што на неа се споделуваат најмногу пораки е и нормално. Поинтересно е на пример како дел од каналите на Telegram се користат за проширување на пропаганда. Каналот на заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Димитриј Медведев има над 1 милион претплатници. Постои околу една и пол година и редовно споделува пораки кои повикуваат на насилство. Пораките во каналот имаат над 300 милиони прегледи неделно.

Telegram е и една од најбрзо растечките кога ширењето на лажни информации е во прашање. Публиката која следи профили кои се поддржани од власите во Москва е зголемена 3 пати.

Промени во Европа поради Digital Services Act (DSA)

Кога Европа е во прашање наскоро ќе мора да има промени. Пред еден месец во Унијата стапија на сила значително построги мерки за друштвените мрежи. Ова се однесува на споделувањето на лажни информации и говор на омраза. Промените се ригорозни за големите платформи кои имаат над 45 милиони корисници. Практично сите друштвени мрежи вклучени во истражувањето имаат значително повеќе корисници.

Она што го покажа истрагата е дека ако праксата продолжи да се спроведува како досега сите споменати платформи во септември ќе го имаат прекршено DSA.

Digital Services Act е закон со кој се регулира илегалната содржина, транспарентно рекламирање и ширење на дезинформации. DSA има за цел да создаде безбеден дигитален простор за корисниците со тоа што бара онлајн платформите да преземат поголема одговорност за содржината што е хостирана на нивните сервиси. Законот поставува и нови правила за транспарентност, отчетност и соработка помеѓу платформите и јавните власти. Официјално стапи на сила на 25 август оваа година.

Еве некои од клучните одредби на DSA:

Посилни мерки против нелегалната содржина: DSA бара онлајн платформите побрзо да ја отстранат нелегалната содржина и да преземат проактивни мерки за да го спречат нејзиното ширење. Ова вклучува содржини што се штетни за децата, како што се содржини за сексуална злоупотреба на деца и содржини што поттикнуваат омраза или насилство.

Поголема транспарентност за корисниците: DSA бара онлајн платформите да бидат потранспарентни за тоа како ја модерираат содржината и ги таргетираат корисниците со рекламирање. Тука се вклучени и обезбедување јасни информации за критериумите што ги користат за отстранување на содржината, причините зошто одбиваат рекламирање и податоците што ги собираат за корисниците.

Поголема одговорност за онлајн платформите: DSA воведува нови правила кои ги прават онлајн платформите поодговорни за содржината што е хостирана на нивните услуги. Ова вклучува барање да имаат јасни правила за модерирање на содржината и да преземат мерки против корисниците кои ги прекршуваат тие правила.

Засилена соработка помеѓу платформите и јавните власти: DSA бара онлајн платформите да соработуваат со јавните власти во истрагата за нелегална содржина. Тука е вклучено и  обезбедување информации за корисници кои ги прекршуваат правилата на платформата, но и за содржината што е отстранета.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments