3 предлози (и уште 10 други!) за исполнителен гејминг викенд!

Викендов пред нас носи и нови игри со кои би можеле да се расположиме (читај: исфрустрираме). Со цел да ве предизвикаме, за добар викенд и старт на неделата одбравме три игри што бараат молневито-брзи рефлекси и голем праг на толеранција. Среќно!


Неделава пишувавме и за многу други игри, така да дефинитивно прочитајте и за:


CYGNI: All Guns Blazing е бесплатна на Epic до 15 август!

Ова не се случува често. Најновата игра на KeelWorks и KONAMI не само што е одличен аркаден шутер, туку и е целосно бесплатна на Epic Store.

Визуелен спектакл

CYGNI: All Guns Blazing e брз и динамичен sci-fi shoot ’em up со уникатни механики поврзани со вашиот вселенски брод. Иако сте исклучително моќни, често ќе се бара од вас таа моќ да ја пренасочувате или кон оружјата или кон непријателите. Доколку неуспешно ја балансирате моќтта кон овие две точки, нема да можете долго време да преживеете во CYGNI.

Бројот на непријателите и нивните тактики знае да биде импресивен и да бара константно избегување проектили, темпирање на вашите офанзивни напади и учење преку грешки. Во одредени моменти, CYGNI ни наликуваше на Dark Souls во shoot ’em up жанрот.

Покрај одлични адреналински битки, CYGNI: All Guns Blazing се одликува со феноменална графика, како во поглед на визуелните елементи, така и во поглед на експлозивните анимации. Ова, во комбинација со преубавиот саундрак, допринесува до возбудлива акциона игра која ќе понуди солидна четири-часовна кампања. Но, имате во предвид дека играта воошто не е лесна и целосно ќе ги предизвика вашите рефлекси и воља за неуморни обиди да ја „превртите“.

До 15 август, оваа игра се нуди за нула денари на сите корисници на Epic Store!

Повеќе детали за играта

  • Произведува: KeelWorks
  • Издава: KONAMI
  • Жанр: shoot ’em up
  • Платформа: Microsoft Windows, конзоли
  • Излезе на: 6 август 2024

Impaler неодамна доби корисно надополнување!

Во последно време сме огромни фанови на Boomer Shooter. Неделава ви препорачувавме да ја проверите Boltgun, Exophobia или некоја од стотиците DOS игри. Викендов, меѓутоа, би сакале да ви го насочиме вниманието на Impaler. Играта е излезена во 2022 година, но, од пред недела дена може да се пофали со значајно надополнување која ја прави оваа акциона roguelite игра уште подобра!

Кога доброто нешто ќе стане уште подобро

Impaler е едноставна, но предизвикувачка ретро FPS игра која ве фрла во најразлични арени и ви дозволува да елиминирате бранови од непријатели преку користење осум моќни и уникатни оружја, како и да експериментирате со над 50 надградби од привремен или траен карактер.

Новата Impaler Gold верзија се одликува со значајни надградби во бројни аспекти. Покрај видно подобрена графика и звук, Gold се одликува и со целосно нов режим на играње. Тука и таму, ќе наидете и на динамични арени чии површини и ѕидини константно се менуваат. Играта навистина не е скапа и вреди да се проба, особено доколку барате ретро-инспириран предизвик.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Apptivus
  • Издава: Retrovibe
  • Жанр: шутер
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезе на: 6 декември 2022

HoneyLand излезе и за PlayStation!

Како трета игра би сакале да ви ја препорачаме играта на Caio Flavio и Remix Games! HoneyLand е шаренолика игра која изгледа едноставно, остава впечаток дека е едноставна, но никако не е. Ако има една желба мечето Mr.Fluff тоа е да го испие целиот мед што постои на светот. Но мисијата нема да биде едноставна и се бара многу трчање и скокање, со цел да се избегнат бројни пречки и безбедно да се достигне целта.

Едноставен концепт

Како напредувате, така комплекснота се зголемува. Ни се допадна тоа што движењето на мечето се директно врзува со шпилот од картите што ви се доделува. Тоа значи дека можете да се движите само во оние правци кои се дефинираат од избраните карти. Играта се одликува со 30 предизвикувачки мапи и релаксирачка, но едноставна музичка подлога. Ја препорачуваме доколку сакате да поминете забавно попладне со вашите малечки и да видите кој е ултимативниот логичар.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Caio Flavio
  • Издава: Remix Games
  • Жанр: загатки
  • Платформа: Microsoft Windows, конзоли
  • Излезе на: 19 октомври 2020

Независно од тоа дали ќе играте игра или пак ќе се впуштите во некоја целосно различна активност, се надеваме дека ќе имате прекрасен и незаборавен викенд!

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

MDH Insurance Services DOOEL

Mid/Senior .NET Software Developer

Data Masters

Data Engineer

Matrix IT Global Services Macedonia

Senior Software Automation Engineer

Singular

Team Lead

види ги сите огласи на kariera.it.mk