Whitethorn Games се издавачи со јасна мисија: создавање игри без стрес за анксиозни луѓе. За да успејат во намерата, имаат на располагање импресивен каталог од интересни игри. Magical Delicacy е нивната најнова игра која е направена од соло девелопер. Се работи за мајсторски подготвен деликатес во кој ќе наидете на примеси на metroidvania инспириран платформер, како и забавни авантуристички механики поврзани за готвење.
Скриениот талент на вештерките
Во Magical Delicacy играте со младата вештерка Флора. Нејзина задача е да го истражува огромниот град, да се социјализира со населението и да користи внимателно-одбрани намирници за готвење најразлични оброци и пијалаци. Групо кажано, Magical Delicacy е поделена на два дела. Едниот дел е готвење најразлични работи во импресивната кујна на Флора, а другиот дел е Metroidvaniа-нско истражување на градот, запознавање интересни луѓе и собирање намирници.
За да добиете најразлични нарачки и за да може истите да ги направите, потребно е да навлезете во платформско истражување на градот и разговарање со бројните ликови. Како напредувате низ приказната, така отклучувате дополнителни способности и движење за полесно истражување на градот. Како што напоменавме на почетокот, играта е целосно оперирана од стресни ситуации. Тоа значи дека ако паднете, се што треба да направите е одново да пробате да се искачите до врвот.
Играчот никако не се казнува за грешки настанати од невнимателно платформирање. Дополнително, иако Magical Delicacy е силно инспирирана од Metroidvania игрите, таквото нешто е само во поглед на истражувањето. Играта нема никакви борбени механики, туку целосно се фокусира на приказната и истражувањето. Ова би можело да разочара одредена група гејмери, но нам ни се допадна зен станов и фокусот на социјализација, собирање ресурси и рецепти, како и готвење.
Во моментот кога ќе решите да си се релаксирате дома, ќе можете да започнете со најразлично готвење преку бројните станици. Финалниот продукт ќе биде оценет во зависност од употребените намирници, особено во зависност од нивната реткост. Целиот процес на готвење има голема комплексност и бара од играчот посебно внимание, голема желба за експериментирање и добра доза несигурен микроменаџмент (особено во начинот на правање на нарачките). Иако ја цениме оваа механика, значително повеќе уживавме во истражувањето на градот, собирањето на ресурсите, и разговарањето со бројните ликови.
Во поглед на намирниците кои ги собирате, нив ги има на најразлични места низ градот. Намирниците, меѓутоа, се уникатни за одредени места во градот, но доколку не сте расположени за шетање и собирање, голем број од ресурсите можете да ги купите од продавниците. Иако има многу истражување и платформски механики, ние апсолутно ужувавме во шетање низ огромниот град и околина, што поради собирање ресурси, што поради преубавата графика со уметнички приказ на пикселизирана графика (и зашеметувачки добриот премин од ден во ноќ, и обратно). За уште подлабока имерзија, имате на располагање преубава и крајно релаксирачката музичка подлога.
Доколку сакате игри кои се магични во неколку аспекти, тогаш Magical Delicacy е релаксирачки наслов кој би требало да го проверите. Се работи за игра која релативно успешно ги покрива аспектите со истражување и готвење и целосно ве потопува во визуелено преував и крајно детален свет.
Повеќе детали за играта
- Произведува: Skaule
- Издава: Whitethorn Games
- Жанр: авантура
- Платформа: Microsoft Windows
- Излезе на: 16 јули 2024