Штотуку објавивме текст со сајтови преку кои можете да играте илјадници DOS игри. Но, доколку барате нова игра која успешно ќе ве фрли во осумдесетите години на минатиот век, особено доколку сте фанови на првите DOOM игри, тогаш ви препорачуваме да ја проверите играта на
Zarc Attack и PM Studios! Се работи за одличен boomer shooter кој вешто жонглира елементи на FPS и Metroidvania.

Во Exophobia истражувате огромен вселенски брод и се борите против бројни вонземјани така што користите најразлични оружја, надградби и моќи. Exophobia е сѐ што беа изворните FPS игри, плус модерни надградби кои значително го обогатуваат севкупното искуство. Вселенскиот брод е составен од бројни спратови, а секој спрат крие најразлични околини и непријатели. Како напредувате, така ќе можете да го надградувате вашето оружје со најразлични надградби. Одредени надградби отвораат дополнителни правци за истражување, со што често се охрабрува учење на мапите и нивно минимално навраќање.




Exophobia знае да биде предизвикувачка игра, особено во вториот дел од седум-часовната кампања. Ова е игра која бара брзи рефлекси и правилно позиционирање или намалување на тежината. :) Во спротивно, ризикувате чести фрустрации со при соочување со бројните непријатели, особено кога ќе дојде делот со босовите. И, како за крај, би било греота да не ја споменеме и одличната музичка подлога, како и одличниот дизајн на нивоа кој крие бројни тајни.

Доколку сакате модерна репрезентација со интересна имплементација на FPS механики во metroidvania жанрот, тогаш е ова игра за вас. А, доколку сакате феноменален Boomer Shooter, неодамна пошувавме за 3 причини зошто е сега одлично време да ја проверите Warhammer 40,000: Boltgun!
Повеќе детали за играта
- Произведува: Zarc Attack
- Издава: PM Studios, inc.
- Жанр: FPS акција
- Платформа: Microsoft Windows
- Излезена на: 23 јули 2024







