Во потрага по интересни игри кои допрва ќе излезат, наидовме на три интересни наслови. Независно од тоа дали сте по тркање, киберпанк авантура со мачиња, или пак hack and slash лудило, овие наслови кријат потенцијал за исполнителни гејминг сесии.
JDM: Rise of the Scorpion ќе биде бесплатна игра на 8 август
JDM: Rise of the Scorpion е пролог за Japanese Drift Master. Тоа значи дека, технички, не се работи за огромна бесплатна игра, туку еден вид прославено демо кое ќе ви покаже дали JDM е игра за вас или не. Rise of the Scorpion ќе ве воведе во приказната преку впечатливи манга панели, а потоа ќе ви дозволи да откриете бројни нови локации преку адреналински трки.
Во JDM: Rise of the Scorpion ќе можете да се тркате низ ретки и густи форми на сообраќај, како и да ги искусите улиците на двевно и ноќно светло. Паралелно со ова, ќе имате на располагање и динамични времиња кои веродостојно ќе ја прикажат јапонската околина. Не се знае кога точна би излегла целата Japanese Drift Master, но се очекува да е при крајот на 2024 година.
Повеќе детали за играта
- Произведува: Gaming Factory
- Издава: Gaming Factory, 4Divinity
- Жанр: тркачка симулација
- Платформа: Microsoft Windows, конзоли
Cat’s Request излегува и за конзоли!
Cat’s Request е и невообичаена и ретко видена киберпанк авантура во која играте со мачка која е втурната во комплексна детективска приказна. Играта се игра како класична point and click авантура каде истражувате најразлични локации, собирате корисни предмети и ги користите истите за понатамошно напредување.
По цела година на Steam, играта конечно е спремна да излезе и за конзолите. За целата година, меѓутоа, играта не успеја да привлече големо внимание и има 97% позитивни рецензии, оставен од само 37 гејмери. Штета, бидејќи играта се одликува со уникатен визуелен стил, интригантна приказна и предизвикувачки загатки. Топла препорака за сите љубители на P&C авантури. Се очекува играта да излезе за PS на 8 август.
Повеќе детали за играта
HANGRY ќе ви дозволи да истражувате галаксија, да откриете нов живот. И потоа да го изедете!
Иако не се знае кога ќе излезе играта на Game Pill, критичарите беа пријатно импресионирани од кратките демо сесии кои беа привремено нудени во одредени временски периоди. HANGRY™ е акциона RPG игра со силни hack and slash механики. Играјќи со ѕверски платеник наречен Hangry ќе патувате низ најразлични места, ќе се борите против најразлични суштества и ќе ќе барате одредени состојки за Goutra – сопственик и готвач на подземен ресторан.
HANGRY е исклучително невообичаена игра која се одликува со поразлична изведба на акционите механики. Имено, ненаситната глад на ликот со кој управувате пружа прилики за константно гостење со непријателите. Секогаш кога ќе ги изедете, ќе можете да ги подобрите способностите и оружјата. За пофалба е акцијата која дозволува динамични и флуидни пресметки во еден шаренолик и предизвикувачки свет.
Повеќе детали за играта
Која игра вие со нетрпени исчекувате да излезе?