Earl vs. the Mutants e евтин и уникатен спин на Vampire Survivors

Earl vs. the Mutants е игра со мала приказна, но голема забава, особено доколку сте фанови на Vampire Survivors. Но, ова е далеку од чист клон и развојното студио Falling State храбро се труди да воведе неколку интересни елементи во целата игра. За цена од 3 евра, не ризикувате многу.

Човек против мутанти

Во Earl vs. the Mutants имате едноставна мисија: да убиете што е можно повеќе мутанти. На временски ограничени мапи, масакрот го правите со вашето верно. бесно и целосно надградливо возило. Покрај тоа што имате најразлично оружја за вашето возило, ќе можете да користите и деструктивни дронови, како и да активирате разорни моќи.

Графиката во Earl vs. the Mutants дефинитивно делува застарена, но предност на тоа е што играта е одлично оптимизирана и за постарите конфигурации. Згора на тоа, управувањето со возилото е исклучително забавно, а и ни се допадна изборот да одлучиме дали и до кој степен сакаме да се автоматизирани работите (дали оружјата сами да нишаната/ пукаат кон непријателите, за да ние се целосно посветиме на извегнување непријатели).

Тоа што возите автомобил никако не значи дека можете да газите се-живо-и-диво. Напротив, иако некои непријатели ќе ви дозволат да ја бојадисувате земјата со нивната крв, голем дел од непријателите имаат токсични/ експлозивни својства и потребно е таквите да ги избегнувате и од далеку да ги решите, што, како се намалува времето, така станува потешко. За среќа, имате на располагање импресивен арсенал од привремени и трајни способности, со кои секој нареден ран е за нијанса поразличен.

Earl vs. the Mutants има ниска цена, а многу работи кои би можеле да ви се допаднат, особено во поглед на непријателите и босовите. Би сакале мапите да се малку поразновидни и да нудат поголема свежина и динамика во напредувањето, но акцијата е баш на место и во моменти на апсолутен хаос, знае инстантно да ве принуди да го зграпчите контролерот и да пробате избезумено да извлечете жива глава.

Повеќе детали за играта

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments