Earth Defense Force 6 e одличен продолжеток на откачениот серијал

Ако нешто сакаме тоа е откачена безумена акција во уште пооткачен свет. Earth Defense Force 6 ги има сите овие работи за извоз и секоја помината минута е полна со незаборавни спектакли од епски размери.

Коктел од експлозивна акција

По две години екслузивен период на јапонскиот пазар Earth Defense Force 6 од неодамна стана игрива и за останатите гејмери.

Но, нека не ве лажат измешаните рецензии на Steam; голем дел од негативните рецензии се поради форсирањето на клиентот на Epic преку клиентот на Steam. Ова е долго-годишна пракса со Ubisoft Connect, а сега се чини дека и Epic се приклучува на забавата.

Надвор од ова, ние немавме никакви проблеми со играта и апсолутно уживавме во откачената акција и урнебесните сценарија.

Earth Defense Force 6 ќе ви се допадне доколку сакате да користите деструктивни оружја за уништување стотици и стотици бранови од џиновски вонземјани, суштества, животни и инсекти. Кампањата е поделена во еден вид „отсечни“ мисии.

Секоја од мисиите ве фрла вас и вашиот тим во релативно голем свет какде имате за мисија да уништите огромен број непријатели. Имено, во 2024 популацијата е само 10% од она што била и малиот број војници, во чии редови сте и вие, имаат за задача да ги уништат преостанатите напаѓачи.

Нема да лажеме, приказната, а и глумата се со сомнителен квалитет, но тоа и не е премногу страшно бидејќи ако ја играте играта поради приказната, тогаш од погрешна причина ја играте.

Earth Defense Force 6 е игра во која главниот фокус е на аркадна акцијата, на движењето низ мапата, и уништувањето на непријателите на што-е-можно поспектакуларен начин.

Првата EDF игра се има појавено во 2003 година (под името Monster Attack), односно 2006 и од тогаш па до сега сите 11 игри од серијалот имаат релативно непроменет урнек. Како војник имате за задача да ги одбраните граѓаните од вонземната сила по секоја цена.

Низ над 130 мисии и со илјадници оружја (да, прочитавте добро), ќе играте со различни класи и ќе управувате и со најразлични возила.

Гејмплеј механиките не кријат никаква комплексност. Ова е едноставна игра која е замислена да понуди едноставна, но забавна соло или ко-оп акција. Ништо повеќе од тоа.

Иако играта потсетува на дамнешни, стари времиња, тоа не значи дека движењата, пукањето и возењето се застарени. Напротив, ни се допадна движењето на ликот, управувањето со возилата, како и користењето на оружјата. Дополнително, непријателите имаат слаби точки кои доколку ги погодите ќе ве наградат со откинат експремитет или пак експлозија од вонземна крв.

Графиката не е кој-знае-што, но за пофалба е деструктивниот елемент, особено во поглед на зградите кои, доколку погодени со експлозивен проектил, ќе паднат како кула од карти.

EARTH DEFENSE FORCE 6 има одлична музичка подлога која често не принудуваше да застанеме и да уживаме во звучните ефекти

Earth Defense Force 6 е забавна игра, но само доколку уживате во неа во кратки дози. Доколку ја играте подолго време, едноличноста на мисиите и непријателите знае да здосади. Но, доколку навлегувате во неа на дваесетина минути, особено по напорен ден, EDM ќе знае како да ве релаксира.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: SANDLOT
  • ИздаваD3PUBLISHER
  • Жанр: акција
  • Платформа: Microsoft Windows, конзоли
  • Излезена на: 25 јули 2024

Оценка

  • Вкупна оценка: 8
  • Приказна: 6
  • Гејмплеј: 8
  • Графика: 8
  • Звук и музика: 10

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] пишувавме за тоа како Earth Defense Force 6 e одличен продолжеток на […]