Cats on Duty е интересен хибрид помеѓу Bejeweled и Plants vs. Zombies

Што ќе се случи ако ги извлечете најинтересните механики од Bejeweled и Plants vs. Zombies и пробате да ги примените во ретро-инспирирана графика? Cats on Duty се труди да понуди две игри во една, за да гејмерските љубители на мачки извлечат максимална сатисфакција.

Cats on Duty е игра со две игри во неа

Во Cats on Duty екранот е поделен на два дела.

На левата страна имате форми во најразлични бои. Вашата задача е да ги поместувате формите за да поклопите три исти форми една-до-друга. Звучи едноставно, нели? Некои од формите се црвени, некои, плави, а некои розеви. Доколку подредите три розеви форми, истите ќе бидат пренасочени за да можете да купите снајперска мачка, која ја поставувате на десната страна од полето. На сличен начин, црвените форми ви дозволуваат да повикувате мачки со сачмарки, а плавите – мачки со автоматска пушка.

Непријателите се појавуваат во различни редови од десната страна, и ваша задача е да поставувате мачки кои ќе ги спречат непријателите да преминат од точка А до точка Б.

Во духот на Bejeweled, левата страна реди и нуди можности за поместување форми. Секое поместување, меѓутоа, чини колбаси. За да добиете колбас треба да помине одредено време или да убиете непријател. На овој начин, забавно се елиминира нагонот да изнасоберете еден куп кредити за купување мачки и за да бидете исклучително моќни на бојното поле.

Десната страна е јасно инспирирана од култната игра Plants vs. Zombies. Непријателите излегуваат од најразлични редови, а вие ги поставувате мачките од спротивната страна. Секоја од мачките се одликува со уникатен изглед, анимации и офанзивни тактики. Слично на левата страна, доколку поставите три исти мачки во еден ред, ќе ја добиете нивната посупериорна варијанта.

Што повеќе играта Cats on Duty, толку повеќе мачки и способности отклучувате. Успешно завршување на секоја стаза ве наградува така што отклучува или нова мачка, како дебелиот издржлив витез, или пак способност, како можност за уништување или дислоцирање на лошо позиционирана мачка.

Cats on Duty нема многу рецензии на Steam, но скоро секоја од нив е позитивна и го фали ретро дизајнот, забавните гејмплеј механики, разиграната музика, како и уникатноста на секоја од мачките. Како големи фанови на match 3 и tower-defense игри, особено мило ни беше што се дружевме со играта. Доколку барате слатка, но предизвикувачка игра, можете и првин да го проверите бесплатното демо од официјалната страна на Steam.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Prikol Team
  • Издава: ESDigital Games
  • Жанр: авантура
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезе на: 29 јули 2024

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk