Написи тагирани со свет

614 написи
Редакција
1
Виктор Дано Веб Свет

Како Србија размислува за електронска трговија

Е-трговијата станува доста актуелна тема во Македонија но и во соседните држави. Ова е важно бидејќи ќе придонесе до поставување принципи за водење на е-трговијата на Балканот кој иако заостанува зад западните поразвиени земји сепак има потенцијал да се развие.

0 коментари Прочитај 28 април, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Свет

Робот-новинар слика, прави интервјуа и објавува онлајн

Хмм... кога се вели дека интернетот ќе ги затвори весниците, не верував дека некои ќе одат до таму да ги сменат и новинарите. Научниците од Intelligent Systems Informatics лаботоријата (ISI) од Универзитетот во Токио направија робот-новинар кој може да ја истражува околината и да известува.

0 коментари Прочитај 19 март, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Веб Софтвер

TED: Гејмингот може да го спаси светот

Ние трошиме 3 милијарди часа дневно во играње онлајн игри? Тоа не е доволно, ни треба 21 милијарди часа посветени на гејминг за да може да го спасиме светот, вели Џејн МкГонигал од Институтот за иднината во својот говор на престижната TED конференција.

1 коментар Прочитај 18 март, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Свет

Хуго Чавез сака регулирање на интернетот

Претседателот на Венецуела, Хуго Чавез, побара регулирање на интернетот, за властите да имаат можност да ги изгасат сајтовите за вести и политички дебати кои според него шират лажни информации, пренесува Reuters.

0 коментари Прочитај 15 март, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Свет

Google ќе ги плати последиците, вели Кина

Кинеските власти го предупредија Google дека „ќе ги плати последиците“, дури и ќе го изгаси google.cn, доколку интернет гигантот не го почитува законите во земјата.

0 коментари Прочитај 12 март, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Веб Свет

Веб 2.0 против Цензура 2.0

Репортерите без граници (RSF), огранизација која промовира за слобода на говор, обави извештај за денешниот онлајн пристап по повод 12 март, Свестки ден против сајбер цензура. Извештајот ја содржи и „Непријатели на интернетот“ листата на земји кои ја контролираат слобдата на изразување, ја цензурираат содржината и го ограничуваат пристапот до информации.   „Потенцијалот на интернетот како отворена порта кон светот директно е контрадикторен со тенденцијата на овие режими да се изолираат себеси од останатите земји.“ пишува во извештајот.

0 коментари Прочитај 12 март, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Свет

Време е да ги замениме професорите со роботи

  Корејскиот институт за наука и технологија (KIST) и Нипон институтот за технологија (NIT) успешно изработиja и тестираa робот-професор. Хуманоидот е-Nuvo ќе започне да предава во 500 пред-школи и градинки во 2011 година, а во 2012 година ќе биде спремен да започне со официјални предавања во основните и средните училишта, пренесува корејскиот ETNews.

0 коментари Прочитај 4 март, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Свет

Египетски блогер пред воен трибунал

Дваесет годишниот Ахмед Мoстафа, студент по инжинерство, на 7 март ќе се најде пред воен трибунал бидејќи на својот блог ја критикувал војната академија за непотизам. Доказите против блогерот се само еден блог пост напишан пред година дена во кој Мостафа напишал дека син на професор бил тргнат од акадамијата за да на негово место дојде друг син на некој побогат кој го платил местото. Најчудно е што воопшто не е спроведена истрага во тоа што блогерот го напишал.   На Мостафа ќе му се суди бидејќи го прекршил египетскиот закон кој забранува објавување на тајни информации поврзани со војската.

0 коментари Прочитај 3 март, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Свет Хак-атак/Приватност

Училиште шпионирало студенти преку веб камера

http://www.flickr.com/photos/bionicteaching/4309359503/   Училиште од Филаделфија ги шпионирало студентите во домашна атмосфера преку вебкамери на лаптопи кои им биле дадени за да им се помогне при учењето. Шпионирањето е откриeно откако едно дете било казнето „поради недолично однесување дома“, а заменик-директорот покажал фотографија сликана од веб камера како доказ, пишува BoingBoing.

0 коментари Прочитај 19 февруари, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Веб Друштвени мрежи

Новинарска награда за YouTube видео

  Непознати луѓе кои го снимија со мобилен убиството на Неда Солтан за време на иранските протести се наградени со американска награда за новинарство.

0 коментари Прочитај 16 февруари, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Свет

Иран го забрани Gmail

На годишнината на Иранската револуција од 11 фебруари 1979 година, иранските интернет корисници забележаа масовно блокирање на Gmail, како и прекини на интернет и СМС конекциите. Иранската влада се плаши од дополнителни протести за време на овој празник и ги блокира веб сервисите бидејќи за време на ланските претседателски избори се покажаа како корисна алатка за организирање на протестите и за информирање на светот за настаните во земјата.

0 коментари Прочитај 11 февруари, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Свет

Aвстралија го гаси интернетот

Од страв дека интернетот во Австралија ќе стане регулиран и цензуриран како во Кина, австралиските корисници започнаа бојкот со гасење на интернетот.   Австралиските власти сакаат да воведат филтри за содржина на сите интернет провајдери во земјата и со тоа да ја блокираат сета незаконска содржина како детска порнографија, пиратерија, насилничка содржина... но internetblackout.com.au вели дека тие филтри нема да ги заштитат децата и дека ова е опасен преседан.

0 коментари Прочитај 26 јануари, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Свет

Британските провајдери ќе ги шпиунираат пиратите?

Најголемиот интернер провајдер во Британија, Virgin Media започнa со тестирање на технологија за мониторинг на корисниците и пиратската содржина која ја споделуваат. Технологијата која ќе ја користи провајдерот е CView на Detica, компанија која е позната со работење со владини податоци и дигиталните документи на контраразурзнавачките служби.   „Нашата технологија има потенцијал да го мери споделувањето на содржината низ сите интернет провајдери, што ќе им овозможи на провајдерите, креативната индустрија и владата, да соработуваат и да одговорат на дигиталната пиратерија како што е повлечено во извештајот за Дигитална Британја.“ пишува Detica.

0 коментари Прочитај 27 ноември, 2009
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи Свет

Јорданската кралица на Twitter и YouTube

Јорданската кралица Раниа е дефинитивно личност од која и политичарите и ПР луѓето, невладините и хуманитарни организации можат да научат како да го користат интернетот за да пренесат порака. Кралицата Раниа е позната по својот YouTube канал на кој таа постираше видеа со цел да ги сруши стереотипите за муслиманите и арапите. Таа преку видео каналот бараше од корисниците да и праќаат прашања со цел да може да ги одговори и да ги објасни различните култури, религии и начин на живот.

0 коментари Прочитај 20 мај, 2009
Мени
Заедница
Изглед
To top