Користејќи профил на гејмер кој е занесен со малку страв, но висока концентрација, таа објаснува дека „ако му ги приметите брчките над очите и усната, ќе видите знаци на оптимизам бидејќи тој е на чекор до epic win.“
Epic win (гејмерски жаргон за победа) е состојба која е неверојатно позитивна што е блиску до границите на фантазијата, и додека не ја остварите победата нема да знаете дека можете да го направите тоа, објаснува г-ѓа. МкГонигал.
„Ова е лице што треба да го видиме на милиони луѓе кои решаваат проблеми, лице на луѓе кои и покрај сите пречки се на праг на епска победа“.
Во својот говор Џејн МкГонигал ја споредува реалноста и виртуелната реланост, и зборува за постојаното трудење на илјадници гејмери да соработуваат заедно при постигање на одредени цели. Таа додава дека моментално има околу 500 милиони гејмери ширум светот, а за многу кратко време таа бројке ќе надмине и 1 милијарда. Не само поради интересот за игрите, туку и поради индустријата која изработува ефтини и достапни конзоли.
Коментари
1 коментар
Коментарите се затворени.