0 коментари 1 мин. читање 15 март, 2010

Хуго Чавез сака регулирање на интернетот

„Интернетот не смее да биде нешто бесплатно каде секој и сешто може да се направи и каже. Не, секоја земја мора да воведе правила и регулации.“ вели г-дин. Чавез, изреволтиран од еден венецуелски веб сајт Noticierodigital кој објави лажна вест дека помошник на г-дин. Чавез е убиен.

„Ова е криминал и мора нешто да се превземе. Имам информации дека тој сајт редовно објавува информации кои повикуваат на куп.“ вели г-дин. Чавез кој редовно ги критикува опозициски-настроените медиуми во земјата.

Венецуелскиот претседател е критички настроен и кон друштвените мрежи кои се популарни во неговата земја, неодамна нарекувајќи го Twitter „алатка за терор“.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top
{title}