Надополнето: Google ги врати податоците на оштетените Gmail профили
<Надополнето> Google ги поврати податоците од сите оштетени мејлови велејќи дека покрај онлајн складиштата за податоци, тие истите ги чуваат и на лента.
<Надополнето> Google ги поврати податоците од сите оштетени мејлови велејќи дека покрај онлајн складиштата за податоци, тие истите ги чуваат и на лента.
Како што Apple ги прегледува сите пријавени апликации, така тоа треба да го прави и Facebook решавајќи го проблемот со пристап на „затворена градина“, бидејќи така пола милијарда корисници ќе бидат побезбедни, вели безбедносната компанија Sophos во својот годишен безбедносен извештај (.pdf).
Љубоморна девојка од радовишко село, 25 год., добила кривична пријава за „злоупотреба на лични податоци“ бидејќи отворила лажен Facebook профил на кој користела навреди и лични инфомормации на 27-годишна девојка од струмичко село бидејќи се сомневала дека струмичанката имала врска со нејзиниот маж. Оштетената девојка пријавила во полиција уште во септември, по што деновиве било поднесена пријава, пренесува Канал 5.
Германските власти не се согласија со Google околу приватноста на корисниците, и им запретија со казни на сите компании кои ги користат Google Analytics алатката.
Интересен податок е дека Дирекцијата за заштита на личните податоци има директен контакт со службеник од Facebook посветен за проблеми со граѓаните и корисници на мрежата. Ова е потребно бидејќи скоро секој ден во последниве шест месеци Дирекцијата добива поплаки заради мрежата, но не сите се конкретни барања за превземање нешто, вели Елена Стојановска од ДЗЛП.
Новиот оперативен систем на Google, Chrome OS, кој се базира на cloud computing-от, ќе ги натера корисниците кон „невнимателно користење“ на своите податоци, вели основачот на GNU и Слободен софтвер фондацијата, Ричард Сталман за Guardain.
Датум на раѓање, 123456 или „итрото“ 654321, име на сајт, 11111... ова се лозинки на еден куп луѓе кои ги користат за нивните мејлови, профили на друштвени мејлови и сајтови. Да, лозинката треба да биде лесна да се запамти доколку ја користите често, но треба и да ве заштити од губење и злоупотреба на личните податоци.
Хакерска група со име Gnosis ги проби Gawker Media, сопственици на познатите ИТ блогови Lifehacker и Gizmodo, како и други сајтови, објавувајќи ги лозинките и мејловите на основачот Ник Дентон, податоци за уредниците на сајтот, FTP логирања, 4 GB од чет логови! и уште 1.3 милиони кориснички имиња и лозинки на луѓето кои коментирале на сајтовите. Објавен е и основниот код на новиот CMS на Gawker, кој заедно со лозинките е спакуван во 500 MB торент фајл закачен на Pirate Bay.
Европската комисија предлага осовремување на правилата за заштита на личните податоци кои се дефинирани во 1995 година кога Google се уште беше во гаража, и да воведе правила кои ќе го лимитира собирањето податоци и креирање можност за граѓаните „да бидат заборавени“ по користење на веб сервисите.
Повеќето апликациите на Facebook ги споделуваат корисничките ID броеви, давајќи пристап до имиња на корисниците и на нивните пријатели на околу 25 маркетинг агенции и компании кои работат со податоци, од кои некои работат со креирање профил на интернет корисници следејќи ги нивните онлајн навики, открива Wall Street Journal.
"Луѓето се тие кои ги поседуваат и треба да ги контролираат сите информации кои ги внесуваат во Facebook, па така 'Download Your Information' ќе им овозможи на луѓето да ги експортираат податоците и да си ги имаат на едно место" објасни основачот на најголемата друштвена мрежа, Марк Зукерберг, на вчерашната прес конференција каде што беа најавени неколку нови проекти, меѓу кои и опцијата наречена Download Your Information која овозможува на лесен начин да ги експортирате сите ваши пораки, слики, видеа, и постови во .zip фајл.
Еден ден младите луѓе ќе треба автоматски да можат да си го променат името за да се скријат од минатото зачувано по пријателските профили на друштвените мрежи, вели директорот на Google, Ерик Шмит во интeрвју за Wall Street Journal.
LastPass е веб сервис кој ако користите разни профили и сајтови ви го поедноставува животот бидејќи ќе треба да запомните само една лозинка. Користењето на LastPass е едноставно. Откако ќе го инсталирате софтверот тој ќе ги запомни сите ваши лозинки од сите ваши сервиси и при наредното логирање нема да морате да ги внесувате лозинките […]
Иако во полиста на Facebook стои дека дека „не споделуваме информација со рекламните агенци без ваша [корисничка] дозвола сепак друштвената мрежа го давала името и годините на корисникот, открива Wall Street Journal.
Преку 50.000 сајтови ги имплементираа новите друштвени плагини на Facebook за само една недела откако беа најавени на f8 конференцијата, oбјави Facebook.
„Дали сте размислувале дека секој може на Интернет да објави или да монтира дискредитирачка видеоснимка, текст или аудио и со тоа засекогаш да ви ги уништи угледот и кариерата?“ вака започнува текстот на Нова Македонија која користејќи го 9 фебруари како ден за онлајн безбедноста пишува за тоа како луѓето се плашат од интернетот.
Денеска ни беше доставена листа од 18.000 имејл адреси и лозинки на Facebook корисници, од кои според адресите и лозинките, можеше да се заклучи дека голем дел се од Македонија. Преку податоците сајбер криминалците зад овој вид на измама наречен "phishing" (вид на сајбер измама преку која криминалците доаѓаат до личните податоци на корисници, најчесто лажирајќи го својот идентитет преку имитирање на кредибилни апликации, сајтови, и-мејл пораки..), е дојдено преку лажната апликација на Facebook наречена News Feed.
Вирусот кој за еден месец зарази околу 10.000 компјутери не се појави на 1 Април како што очекуваа безбедносните експерти кои претходно открија код дека на тој датум вирусот ќе се надогради сам и повторно ќе нападне. Измина 1 Април и Conficker не се појави. Сé до овој викенд кога вирусот зарази 700 компјутери на кампусот на Универзитетот на Јута, САД вклучувајќи ги и тие на трите универзитетски болници.