1 коментар 2 мин. читање 21 мај, 2010

Facebook давал кориснички имиња на рекламните агенции

Вообичаено е рекламните агенции да добиваат само одредени информации за каде, на која веб страна е кликната рекламата, но со тие информации не може да се одреди корисникот. Меѓутоа Facebook, како и MySpace, без согласност на корисниците им праќале информации на рекламните агенции меѓу кои и корисничкото име и идентификациски број за секој личен профил кој кликнал на рекламите, и со тоа да откријат еден куп лични информации како за корисникот така и за неговите пријатели.

„Откако се распрашавме за ова, Facebook и MySpace направија неколку измени при споделувањето информации.“ пишува WSJ.

Меѓу тие што добивале информации се Google DoubleClick и Yahoo Right Media. Сите агенции кои добивале информации негираат дека знаеле за ови дополнителни информации и дека ги искористиле.

Интересно, колку повеќе се разгледува приватноста кај Facebook толку полошо станува за друштвената мрежа. Покрај страв од разни притисоци, Facebook треба да си размисли и за корисничката база бидејќи според најновото истражување на Sophos 60 отсто од корисниците сакаат да го изгасат својот профил.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Ванчо Орданоски

Зошто ова не ме изненедува?

Мени
Заедница
Изглед
To top