Последниот пример или, подобро, убедување да не користите лесна лозинка доаѓа од неодамнешното пробивање на Gawker Media, по што се објавија над 180.000 лозинки на корисници кои се логирале на Gawker само да коментираат на текстови. Тоа што е проблем е што се објавени и корисничките мејлови, а постои и огромна шанса да се има иста лозинка и за двата веб сервиса.
Од сликата подоле, на Wall Street Journal, јасно се гледа дека повеќето корисници користат неверојатно лесни лозинки за откривање. Дури над 3.000 луѓе од Gawker сајтовите ја користеле комбинацијата „123456“ за лозинка.
Проблемот кај овие лозинки е што се варијанти на бројки и зборови од речник која обична скрипта може да ги пробие како од шега. Затоа, смислете си добра лозинка со комбинација од букви и бројки, и не користете иста лозинка за секој веб сервис.
Повеќе помош:

Коментари
4 коментари
Коментарите се затворени.