„Заштита на личните податоци е фундаментално право.“ вели евро-комесарката за право, Вивиен Рединг. „За да го гарантирате ова право, ни треба јасни и постојани правила за заштита на податоците. Исто ни е потребно да ги приспособиме законите да се справат со предизвиците поставени од новите технологии и глобализацијата. Комисијата следната година ќе постави легислативи да се зајакне индивидуалното право додека се отстранува црвената лента да се осигура и слободниот тек на информациите во единствениот пазар на ЕУ.“
Новиот прeдлог правила ќе oпфатат неколку клучни цели:
- Зајакнување на правото на индивидуалците така што собирањето и користење на податоците да биде сведено на минимум, и јасно да се информираат корисниците за користењето на податоци кое мора да биде со дозвола.
Последен пример зошто е ова потребно е продавањето на Facebook кориснички податоци. Дополнително ЕУ вели дека додека сурфате онлајн треба да го имате правото да „бидете заборавени“ кога ќе престанете да користите сервиси, пример Facebook и Google.
- Зајакнување на димензијата на Единствениот пазар со намалување на административните проблеми врз компаниите и појаснувања на правилата за кои правила на која земја можат да засметаат при слободниот тек на информациите во ЕУ
- Ревизија на правилата за заштита на информации во областа на полицијата и криминалното право така да личните информации на индивидуалци е исто заштитено во оваа област. Ќе се ревизира и колку време компаниите ќе можат да зачувуваат податоци, кое сега е од шест месеци до две години.
- Осигурување на заштита на податоци пренесени надвор од ЕУ со подобрување на процесите за интернационалниот трансфер на податоци.
- Поефективно спроведување на правилата
Kомисијата стартува дво-месечно јавно консултирање за правилата чиј прв драфт треба да се појави во 2011 година.







