„Со цел да ја заштитиме информацијата од овие невообичаени багов, ни исто така ги чуваме на лента. Бидејќи лентите се офлајн, тие се заштитени од такви софтверски грешки. Но ресторирање на податоците од нив исто така бара повеќе време од префрлување на вашите барања до друг дата центар, што е причината зошто ни требаше часови да ги вратиме имејловите во првобитната состојба.“
</надополнување>
На околу 150.000 Gmail сметки им беа избришани сите податоци, сите електронски пораки некогаш добиени, сите закачени додатоци и Google Chat логови. Дали и вашата сметка е една од нив?
Многумина корисници се пожалија на Gmail Help Forum, каде постојано пристигаат нови жалби од вчера. Иако на Apps Status Dashboard се вели дека оваа грешка влијае на 0.08% од вкупниот број на сметки на Gmail, што е околу 150.000, сепак и не е така мал број. Исто така, некои од корисниците кои се засегнати нема да може да влезат во своите сметки се додека не се поправи грешката.
Gmail инженерите работат на случајот, објавувајќи дека веќе им се вратени податоците на некои од корисниците, а се очекува тоа да се прошири на сите во блиска иднина, иако не можат да гарантираат за вкупниот број. На тие 150.000 сметки им се избришани целосно податоците, па дури на форумот некои и велат дека добиле порака за добредојде, порака што се добива при прво отварање на имејл сандачето.
За да се осигурете дека нема на вас да ви се случи истото, можете да ја пробате апликацијата Gmail Backup која може да ја симнете од официјалната Google продавница, но има и други кои можете да ги искористите, иако никој не може да гарантира за нивните добри намери. За жал не поддржува unicode, што значи дека вашите пораки на кирилица ќе бидат нечитливи.
Исто така, можете да ги префрлати сите податоци од вашата главна сметка на нова, користејќи ја Mail Fetcher опцијата на Gmail, а ако сте корисник и на Hotmail сметка, можете тоа да го направите и со апликацијата TrueSwitch која ќе ви овозможи да ги копирате сите пораки во вашата Hotmail сметка, па дури и да ги пренасочите идните пораки кон неа.
Би било добро да надополните дека податоците не се избришани, бидејќи Google ги имал зачувано на "tape". source: http://gmailblog.blogspot.com/2011/02/gmail-back-…
Надополнето. Tnx Јетон, аppreciated. :)
:)
Лента си е лента ;-)