2 коментари 1 мин. читање

LastPass, еден клуч за сите врати

LastPass е веб сервис кој ако користите разни профили и сајтови ви го поедноставува животот бидејќи ќе треба да запомните само една лозинка.

Користењето на LastPass е едноставно. Откако ќе го инсталирате софтверот тој ќе ги запомни сите ваши лозинки од сите ваши сервиси и при наредното логирање нема да морате да ги внесувате лозинките повторно. При самата инсталација LastPass ги експортира сите претходно запомнети лозинки од вашите прелистувачи и веднаш можете да ја користит „мастер“ лозинката за логирање на сервисите.

LassPass ги енкриптира податоците, а исто така чува лог од сите логирања на разните сервиси и последните користења на лозинките што го прави сервисот доста безбеден во поглед на водење сметка дали профилот ви е компромитиран. Има и опција да си го синхронизирате програмчето со други компјутери кои ги користите.

Подолу има основен туторијал кој го објаснува LastPass, а повеќе видеа ќе најдете тука.

[youtube]obzh77-nD-I[/youtube]

(via Зоран Димовски)

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top