Google со виртуелна кирилична тастатура
Google вметна виртуелна тастатура директно во локалните пребарувачи за корисниците од не-англиското подрачје.
Google вметна виртуелна тастатура директно во локалните пребарувачи за корисниците од не-англиското подрачје.
При истражувањето на кинеските хакерски напади врз Google се откри дека хакерите целале кон Gaia сервисот за лозинки на гигантот кој ги контролира сите кориснички пристапи до сите сервиси на Google вклучувајќи го имејл и бизнис сервисите.
Шпанската Telefonica, France Телеком и Deutche Telekom, незадоволни што преку нив оди огромниот интернет сообраќај генериран од видеата на YouTube, побараа Google да им плаќа дел од приходите од рекламите на видео сервисот, пренесува Financial Times.
Google најави измена во Google Аnalytics со која корисниците ќе можат да одберат дали или не сервисот да ги собира нивните информации. Google Analytics e алатка која ја користат сајтовите (пример IT.com.mk) за да ги измерат посетите на сајтот, времето колку корисниците поминуваат на сајтот до информации од каков прелистувач сурфаат посетителите.
Секоја минута се закачуваат видеа со вкупна должина од 24 часа. „Ова е големо достигнување на нашата заедница и зборува мноуг за улогата на видеото ко е го има во поврзување и менување насветот, еден по еден аплоад . Што е следното? 30 часа? 36 часа? “ пишува YouTube на својот блог.
Кинеските власти го предупредија Google дека „ќе ги плати последиците“, дури и ќе го изгаси google.cn, доколку интернет гигантот не го почитува законите во земјата.
Google стартуваше експирементален сервис Google Reader Play, веб базиран сервис кој наместо текстуални RSS фидови нуди креативна визуелизација на тие фидови. Постете го google.com/reader/play, од страна одберете си категорија: вести, спорт, забава... и еден по еден ги разгледувате разновидните информации.
Google Apps Marketplace е место за девелоперите директно да ги продаваат своите апликации на клиентите на Google. На самиот почеток околу 50 софтверски компании се заинтересираa да ги закачат своите бизнис апликации на „облакот“. Апликациите ќе бидат интегрирани во веб базираните Google Apps како на пример Google Docs.
Picnik e веб базиран софтвер за манипулација, креирање и средување на фотографии. Сервисот на 1 мај беше купен од Googlе и се чини дека гигантот направи паметен потег бидејќи Picnik е неверојатен сервис со кој лесно можете да изработувате најразновидни слики.
Ќе се жалиме на одлуката, вели Google откако италијанскиот суд пресуди 6 месечна затворска казна за двајца (поренешни) извршни директори и советникот за приватност на Google Италија поради видео на Google Video во кое се гледа малтретирање на момче до Даунов синдром.
Доколку сакате, а не можете да се возите со воз низ Транс-сибирската железница која поминува низ 2 континенти, 12 руски региони и 87 градови, тогаш не очајувајте. Google заедно со Руската железница стартува веб сајт со виртуелна тура од Москва до Владивосток без да се мрзнете на ниските руски температури. Иако правото патување е многу подобро, сепак виртуелна тура е одлична алтернатива.
Google и Yahoo се придружија на независните организации, корисниците и групите хакери, со цел да ја одвратат австралиската влада од воведување филтри за цензура и блокриање пристап до сајтови за кои властите ќе ги оценат како „сајтови со недолична содржина“.
На годишнината на Иранската револуција од 11 фебруари 1979 година, иранските интернет корисници забележаа масовно блокирање на Gmail, како и прекини на интернет и СМС конекциите. Иранската влада се плаши од дополнителни протести за време на овој празник и ги блокира веб сервисите бидејќи за време на ланските претседателски избори се покажаа како корисна алатка за организирање на протестите и за информирање на светот за настаните во земјата.
Google го стартуваше Buzz, сервис налик на друштвените мрежи интегриран како додаток на Gmail сервисот... Во пракса Google Buzz е многу налик на Facebook, имате "like" опција, оставање коментари, споделувате слики, видеа, линкови, сите постови можете да ги праќате на другите корисници преку мејл или на тие што ве следат... Знаејќи го тоа прашањето е зошто да сте на Buzz кога веќе сите контакти и пријатели ви се на Facebook? За да биде понезгодно во моментот можете да праќате пораки само од Twitter нa Google Buzz, но не и обратно, а нема никаква интерграција со Facebook. Нема постирање ниту пренесување Facebook постови.
Google вели дека ќе го тргне филтерот за цензурирање од својот кинески пребарувач, откако откри информации дека во декември врз нив е извршен „високо софистициран хакерски напад“ кој дошол од Кина. Целта на нападот биле Gmail мејлови на борци за човекови права и слобода на говор. „Многу бргу стана јасно дека тоа што првин изгледаше како безбедносен инцидент, стана нешто комплетно различно.“ пишува Google на својот блог. Во постот Google избегна да ја обвини кинеската влада дека стои зад нападите.
Можеби изјавата има смисла доколку се знае за неодамнешните соработки на неколку друштвени мрежи со интернет пребарувачите Google и Bing кои внесоа пребарување во реално време во своите пребарувачи. Но додека твитовите од Twitter се најдоа меѓу резултатите на пребарувањето, Facebook статусите беа изоставени бидејќи Facebook сепак е приватна затворена мрежа каде луѓето споделуваат со пријателите. Марк Зукенберг, основачот на најпопуларната друштвена мрежа, во интервју на Crunchies настанот изјави дека доколку Facebook стартува сега ќе биде јавна мрежа бидејќи сега имаме нови стандард - тоа е јавно споделување на информации.
Google интегрира пребарување во реално време во својот пребарувач. Тоа значи дека покрај освен „традиционалните“ резултати во вид на линкови, Google ќе ги прикажува и пораките од друштвените мрежи како Twitter, Facebook, FriendFeed, MySpace, Јaiku, Identi.ca ... „Пребарувањето во реално време ќе ви овозможи да откриете важни информации во време на случувањето, иако не се популарни во моментот, и иако не ни знаевте за нив пред да се случат.“ вели Google кој додаде дека оваа опција постепено, за неколку дена, ќе се појави ширум светот.
Љубопитност, затоа ја пребаруваме мрежата, вели Google објавувајќи го својот Zeitgeist 2009 извештај за најпопуларните пребарувања во 2009 година. Најбараниот термин на пребарувачот е поп ѕвездата Мајкл Џексон, а потоа следат друштвените мрежи.
Според германските власти Google Analytics, сервисот за мерење и анализа на интернет сообраќај на веб сајт, го прекршува законот бидејќи сервисот ги собира податоците за посетителите без нивна согласност.
Go е експериментален, програмски јазик со слободен изворен код базиран на C++ со елементи на Python. Според Google, со овој програмски јазик ќе се поедностави програмирањето без да се изгуби во преформансите на апликациите. „Се почесто има бунтовни реакции против проблематичните системи како тие на Java и C++, што ги тера луѓето да користат динамични […]