0 коментари 1 мин. читање 11 ноември, 2009

Google претстави нов програмски јазик Go

Go е експериментален, програмски јазик со слободен изворен код базиран на C++ со елементи на Python. Според Google, со овој програмски јазик ќе се поедностави програмирањето без да се изгуби во преформансите на апликациите.

„Се почесто има бунтовни реакции против проблематичните
системи како тие на Java и C++, што ги тера луѓето да користат динамични јазици како Python и JavaScript.“, објаснува Google додавајќи „иако компјутерите се неверојатни брзи сега, развивањето на софтвер не е.“

Програмерите можат да го најдат Go на golang.org каде што има и туторијали за јазикот.

[youtube]wwoWei-GAPo[/youtube]

Интересно веќе постои програмски јазик со име Go направен од Франсис Мекабе кој има и објавено книга за овој јазик. Книгата има наслов „Lets Gо“, исто наслов како и туторијалот на Google, па можеби Goоgle ќе го смени името на својот програмски јазик. Повеќе за ова на code.google.com.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top