1
Facebook треба да е јавен сервис, вели основачот
Можеби изјавата има смисла доколку се знае за неодамнешните соработки на неколку друштвени мрежи со интернет пребарувачите Google и Bing кои внесоа пребарување во реално време во своите пребарувачи. Но додека твитовите од Twitter се најдоа меѓу резултатите на пребарувањето, Facebook статусите беа изоставени бидејќи Facebook сепак е приватна затворена мрежа каде луѓето споделуваат со пријателите. Марк Зукенберг, основачот на најпопуларната друштвена мрежа, во интервју на Crunchies настанот изјави дека доколку Facebook стартува сега ќе биде јавна мрежа бидејќи сега имаме нови стандард - тоа е јавно споделување на информации.