Според Марк Зукенберг јавното споделување сега е стандард. Вашето име, пол, локација, листа на пријатели… сето тоа е јавно и достапно за сите. Сега со новата полиса за приватност на мрежата, можете да го направите вашиот профил комплетно јавен и достапен за сите.
„Во последниве 5-6 години блогирањето стартуваше и сите различни сервиси ги привлекоа луѓето да споделуваат информации. Луѓето навистина сакаат да споделуваат повеќе информации, и не само тоа, туку сакаат тие информации да ги споделуваат јавно и со повеќе луѓе. Таа социјална норма е нешто што мора да еволуира преку време.“ вели г-дин. Зукенберг.
Ова не е идеја само на основачот на Facebook. Twitter навистина ги „отвори“ нештата и стане препознатлив тренд кој сега е меѓу резултатите на гигантските интернет пребарувачи. Тоа што е интересно со Facebook е што има огромно социјално влијание. Со над 350 милиони корисници Facebook има моќ тоа „јавно споделување“ да го направи „стандард“. Од друга страна зарем споделување информации со над 400 пријатели не е јавно споделување?
Подолу е видео од интервјуто. А под него се коментарите каде можете да ни пишете што мислите вие – Дали Facebook треба да стане јавна мрежа или приватноста мора да е на прво место? Дали корисниците треба да пазат што споделуваат или треба да се слободни да споделат што сакаат?






