0 коментари 2 мин. читање 24 ноември, 2009

Google Analytics е нелегален сервис, вели Германија

Според весникот Zeit Online, околу 13% од германските .de сајтови го користат сервисот на Google. Германските власти задолжени за заштита на националните податоци велат дека ќе ги казнат сите веб сајтови кои ќе го користат сервисот да собираат детални податоци за посетителите без нивна согласност. Казните ќе бидат од 50 до 75.000 евра по сајт.

Според властите, најголемиот проблем се информациите кои Google ги збира од чуствителни сајтови, пример, поврзани со здравствено осигурување, па тоа му дава можност на Google да формира профили со приватни информации за корисниците. Додатно податоците кои Google ги собира се закачуваат на сервери во САД. Според германските закони тие податоци не смеат да ја напуштат земјата.

Според канцеларијата на Google во Германија, трансферот на податоци е според договорот меѓу ЕУ и САД, а што се однесува до дозволата, корисникот може да ги изгаси „колачињата“ (cookies).

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top