Ерик Шмит за неуспехот на Google Wave
Ние пробуваме нешта, вели директорот на Google, Ерик Шмит одговарајќи зошто Google Wave не успеа. Продуктот кој беше платформа за комуницирање во реално време и кој само пред една година беше неверојатен хит на интернет, заврши неславно - Google го изгаси комплетно велејќи дека ќе го сочува кодот да им се најде за некои идни продукти.