Написи тагирани со Facebook

1.123 написи
Редакција
1
Виктор Дано Мобилни

Facebook подготвува апликација за споделување фотографии

Facebook подготвува мобилна апликација за споделување на сите 6 милијарди фотографии кои се закачуваат месечно на мрежата, на која сега вкупно има над 100 милијарди фотографии. Со мобилните фотоапарати (читај: паметни телефони со 5+ мегапиксели камера) сликањето е една од поомилените активности на корисниците, а споделувањето е само еден клик од тука. Затоа Facebook ќе стартува своја мобилна апликација за да ги мотивира корисниците да споделуваат директно на мрежата.

0 коментари Прочитај 16 јуни, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Веб Друштвени мрежи

Rockmelt во соработка со Facebook, дали мрежата ќе да си добие свој прелистувач?

Уште при самото стартување Rockmelt нудеше голема интеграција со Facebook, четови, полесно споделување на линкови со пријателите и други друштвени опции, но тоа беа работи кои самиот Rockmelt ги правеше. Сега Facebook кој влезе во партнерство со прелистувачот, направи мали промени да кога ќе се отвори Facebook преку Rockmelt страната се отвара без нотификации, барања за пријателство и чет, бидејќи нели истите се вклучени во прелистувачот. Rockmelt е и интегриран со системот за пораки на Facebook, што значи ако преку прелистувачот се прати порака преку чет, а корисникот не е онлајн, тогаш ќе му пристигне како порака.

0 коментари Прочитај 14 јуни, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Друштвени мрежи

Facebook тестира „случувања во реално време“

Facebook тестира страничен бар кој ќе се прикажува на десната страна од ѕидот и ќе прикажува активности кои се „случуваат сега“, oткрива Dazeinfo.

2 коментари Прочитај 13 јуни, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Мобилни

iOS 5 ќе има и друштвена интеграција со Facebook, Flickr, LinkedIn и MySpace

Не само со Twitter, новиот мобилен оперативен систем на Apple, iOS 5, ќе има интеграција со Facebook, Flickr, LinkedIn и MySpace, пишува

0 коментари Прочитај 13 јуни, 2011
Редакција
1
Мартин Јовчески Хак-атак/Приватност

Facebook се извини за вклучување на препознавањето на лица

Надополнето: Откако наиде на критики за нарушување на приватност, Facebook се извини што го стартувал препознавањето на лица за тагирање, велејќи дека требале да ги информираат корисниците.

0 коментари Прочитај 8 јуни, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Веб Друштвени мрежи

WordPress додаде коментирање со Twitter и Facebook

На сите Wordpress блогови е додадена опција за коментирање со Twitter и Facebook профил. Корисниците ќе можат да бидат логирани на различни профили, за да биде полесно да си го одберат преку кој сакаат да коментираат.

1 коментар Прочитај 8 јуни, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи

Intel-овиот музеј за мене

Intel направи кул алатка со која го претвара вашето Facebook искуство во ваша виртуелна музејска егзибиција. Користејќи ги вашите Facebook податоци Intel вади слики од пријателите, ваши фотографи и видеа и ги претставува во музејска визуелизација со музика од мултимедијалниот артист Такаги Масакатсу.

0 коментари Прочитај 2 јуни, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Друштвени мрежи

Кога друштвените мрежи му се потсмеваат на Facebook (и на MySpace)

Луѓето во просек проаѓаат по 3 часа дневно на Facebook, но, секако, 2 часа и 55 минути од тоа време се трудат да ги сфатат опциите за приватност, му се смее Google на Facebook на College Humor дружба меѓу сите друштвени мрежи: Twitter, Foursquare, Reddit, Friendster, LinkedIn... и секако MySpace кој го извлекува подебелиот крај. Секако се работи за шега, анимирано видеo од хумористичниот, сатиричен и секогаш забавен College Humor.

0 коментари Прочитај 27 мај, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Друштвени мрежи

Facebook ќе стартува музички сервис со Spotify

Facebook можеби ќе соработува со европскиот сервис за стримање Spotify да стартуваат музичи сервис првин во европските земји каде е достапен Spotify, па во САД, а потоа и ширум светот, пренесува Forbes повикувајќи се на извори блиску до договорот.

0 коментари Прочитај 26 мај, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Општо

Транспарентност vs. Анонимност (инфографик)

Дали го прифаќате транспарентниот пристап на Facebook каде сите ваши информации да се достапни онлајн и да ви е откриен идентитетот, или пак сакате да останете анонимни на Интернет, без да мора секој да го знае вашиот идентитет и податоци, како што е пример со познатиот 4chan форум, каде се роди и Anonymous феноменот?

0 коментари Прочитај 19 мај, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Веб

Bing и Facebook го ставија Google во тесно

Bing, интернет пребарувачот на Microsoft, го додаде Facebook Like копчето покрај своите резултати. Ова е директен одговор на новата Google +1 опција за споделување, со која Google всушност требаше да започне да ги користи своите друштвени „слоеви“ и да стане конкурент на Facebook. Но, сега не само што треба да се грижи за друштвенот Facebook туку и за пребарувачот Bing кој сега стана многу поинтересен за користење. Секако, Google се уште е супериорен на пазарот на пребарување, во Македонија над 95% од корисниците го користат, па можеби и не е толку лошо да има посериозна конкуренција.

8 коментари Прочитај 17 мај, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Хак-атак/Приватност

Facebook воведе нови безбедносни опции за логирање

Facebook воведе опција за да се внесе код при логирање на неовластен компјутер. Опцијата има два чекори што значи барање код и добивање код преку телефон во вид на SMS. При секое логирање од непознат компјутер Facebook ќе ви прати SMS со код кој ќе треба да го внесете. Ако го користите тој компјутер може да си го зачувате како „компјутер на кој му верувате“.

7 коментари Прочитај 13 мај, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Свет

Фатен на дело! Facebook најмил новинари да шират лаги за Google

Facebook тајно најмил ПР агенција да шири лаги за Google, пишува Daily Beast. Поранешен новинар на CNBC, Џим Голдман, кој сега работи како ПР претсавник во Burson Marsteller се обидувал да продаде приказна на блогери и новинари за Gmail Social Circle кој наводно ќе ја наруши приватноста на милиони корисници, ветувајќи им на блогерите дека ако ја истражат приказната ќе бидат објавени во влијателни медиуми.

1 коментар Прочитај 12 мај, 2011
Редакција
1
Ива Дујак Друштвени мрежи

Facebook го олесни администрирањето на страниците

Поголема прегледност на статистиките на секоја од страниците која се администрира, јасен приказ на вкупниот збир на фанови на страницата, како и инстантно информирање за активности на страницата, се само некои од придобивките кои ги нуди новата опција за следење на активностите и администрирање на Facebook страниците.

0 коментари Прочитај 12 мај, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Друштвени мрежи

Сега можете да тагирате Facebook страни на фотографиите

Друштвената мрежа стартуваше опција да може да се тагираат фан страните во фотографиите исто како што се тагираат пријателите со цел „да се споделат побогати приказни со пријателите за работите со кои се има интеракција во реалниот свет, како бизниси, брендови, познати личности и музичари“

0 коментари Прочитај 12 мај, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Хак-атак/Приватност

Facebook iFrame пропуст, дозволен пристап на надворешни апликации

Symantec објави дека Facebook случајно дозволил пристап на надворешни апликации до корисничките податоци, како профили, слики, чет, и можност да се постираат пораки и да се копа низ личните податоци.

0 коментари Прочитај 11 мај, 2011
Редакција
1
Ива Дујак Друштвени мрежи

Промовирајте го вашиот нов производ ексклузивно на Facebook

Друштвените мрежи, особено Facebook, сѐ почесто стануваат ексклузивна „локација“ за лансирање на нови производи. Оваа платформа нуди претставување пред огромен број на корисници, ниски трошоци за изведба и леснотија при презентирањето, па не е ни чудно што сѐ повеќе компании се одлучуваат за Facebook како прво место за прикажување на нивните најнови остварувања.

5 коментари Прочитај 9 мај, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Веб Софтвер

Microsoft се вмеша околу Skype, се очекуваат вести наскоро?

Microsoft, Google, Facebook... сите три гиганти се кандидати или да го купат Skype или, што е поверојатно, да инвестираат и да започнат сериозна соработка со VoIP сервисот. Ова се во моментот шпекулациите кои кружат низ Интернет, започнувајќи со Reuters кој според извори блиски до компанијата вели дека Skype е во преговори со Facebook и Google, и сега продолжувајќи со GigaOm кој вели дека и Microsoft е вмешан во целата ситуација и дека треба да се очекуваат детали наскоро.

0 коментари Прочитај 9 мај, 2011
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК Хак-атак/Приватност

.мк phishing измама

Македонските Facebook корисници се мета на таргетирана локална phishing измама. Корисниците преку хакнати профили на нивните пријатели се водат до страна - http://www.jesjes--slike.tk/ која наликува апсолутно на Facebook со порака „логирај се има твои слики тука“. Целиот текст е напишан на македонски, а ако се обидете да четувате со хакнатиот пријател ќе добиете одговор на македонски бидејќи разговарате со локален black hat хакер зад профилот.

10 коментари Прочитај 6 мај, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Свет Софтвер

Facebook ќе го купи Skype?

И Facebook и Google размислуваат или да го купат Skype или да направат заедно некаква соработка откако Skype го одложи излегувањето на берзата, пишува Reuters повикувајќи се на анонимни извори.

1 коментар Прочитај 5 мај, 2011
Мени
Заедница
Изглед
To top