Со оваа соработка Facebook ќе стане сериозен конкурент на Amazon кој објави музички сервис и Google, Microsoft и Apple чии музички сервиси ќе бидат претставени наскоро. Со музиката, Facebook ќе стане целосна мултимедијална платформа со пристап до друштвени игри, пријатели, филмови, а верувам и наскоро шопинг. Во моментот се водат тестирања на сервисот кој ќе подразбира инсталирање на Spotify преку Facebook и негово користење преку мрежата. Најверојатно ќе има и кул опција за заедничко слушање на музика со пријателите.
Од друга страна на договорот е Spotify кој е европски сервис за стримање музика кој е достапен во Британија, Франција, Германија и уште неколку европски земји. Spotify е еден од најпопуларните вакви сервиси со огромен избор на музика и 10 милиони корисници. Бројката е секако неспоредлива со неверојатните 600 милиони Facebook корисници, што значи дека како и да се одвива соработката Spotify ќе добие многу. Во моментов приходот на Spotify е продавање музика, дистрибурирање реклами и претплата, со околу 1 милион корисници плаќаат претплата.
Проблемот за Spotify, заради кој одолговлекува излегувањето на другите пазари, посебно на американскиот, е договор меѓу сервисот и големите музички издавачи. Овој проблем би можел да се реши побргу доколку на своја страна го има Facebook.







