0 коментари 1 мин. читање

Транспарентност vs. Анонимност (инфографик)

Интересен податок, пред да одговорите на прашањето, е дека над 500 милиони корисници користат Facebook месечно, односно споделуваат лични информации, додека 4chan има 7 милиони активни корисници.

„Имањето два идентитета за себе е знак за немање интегритет.“, вели основачот на друштвената мрежа, Марк Закерберг, додека од другата страна основачот на популарниот анонимен форум, Кристофер Пол вели дека „цената на неуспехот е навистина голема кога придонесувате како самите себе“. И двата основачи се личност на годината според Time магазинот во 2010-та, односно највлијателниот човек на 2009-та според Time, иако второво мора да се признае е дело на хакерите од 4chan.

Одличниот инфографик на Namesake ги прикажува двете страни кои иако различни сепак имаат заеднички момент што е да служат во корист на корисникот. Пример, Facebook е поцивилизирано место, нуди поквалитетни реклами, содржината останува на корисникот, додека 4chan нуди слободно изразување без страв, креативно и споделување содржина.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top