Facebook го олесни администрирањето на страниците

Во текот на вчерашниот ден, нова опција Pages се појави од левата страна на почетната страница кај дел од Facebook корисниците. Веднаш  се развија дискусии за тоа дали оваа опција е тука да остане, или е само во пробна фаза, а набргу потоа Facebook го објави следното: „Почнувајќи од денес, можете да ги следите информациите за сите страници кои ги администрирате, преку краток преглед прикажан на една страница.“

Оваа опција нуди навистина лесен преглед на секоја страница, тие се рангирани според бројот на лајкови односно фанови на страницата, а за секоја страница се прикажуваат вкупниот број на лајкови, неделната активност и нотификациите. Според голем број од администраторите на страници, оваа опција е нешто што одамна недостасуваше и во голема мера ќе го олесни следењето на активностите на страниците. Се надевам дека ова ќе придонесе за уште поголемо олеснување на управувањето на страниците, и зголемување на квалитетот на нивно управување.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk