Во случај да видите логирање од неодобрен уред, ќе ви биде побарано од следното логирање да го верификувате пристапот. Ако не го препознаете логирањето, ќе ви биде понудено да ја промените лозинката. Ако го изгубите телефонот, тогаш ќе може да пристапите од познатите компјутери и да одобрите пристап преку друг уред.
Опцијата се стартува од ‘Login Approvals’ од ‘Account Security’ менито.
Ова е уште еден обид за побезбедно логирање на Facebook, покрај лозинки за една употреба и далечинско одлогирање, се со цел да ги сопре измамите и кражбите на профили и податоци.
За подобрување на безбедноста Facebook мотивиран од откритието на Symantec, исто така ќе се префрли на отворениот стандард OAuth 2.0 за логирање. Се бара од развивачите на апликации да се префрлат на овој стандард до 1 септември и да обезбедат SSL сертификати до 1 октомври.










И јас имам користено оваа функција многу од дамна :)
како и да е … fb си е fb, безбедност = 0, а за др. работи ич не праам муабет :)
Супер статија, но повторно закаснето објавена :) Оваа новина на фејсбук е во времетрање од месец дена досега :)
Можеби мислиш на нешто друго, ова е Facebook блог пост од 12-ти мај. http://www.facebook.com/note.php?note_id=10150172…
Сеа чудно ми падна. Дури сега го гледам постов. Оваа функција мене ми беше достапна од пред 1 месец веќе. Битно функционира:)
Можеби си бил тест корисник :)
можно е :)