„На среќа, овие трети страни можеби и не сфатија дека дека ја имаат ова можност да копаат до информациите“, вели Symantec.
Проблемот настанал со iFrame апликацијата на Facebook, која се користи за внесување табови на фан страните, која случајно доделила токени на трети апликации на рекламни агенции и платформи за анализа. Ова „случајно“ е дискутабилно бидејќи корисничките податоци се вредни за лесно таргетирање и анализа на корисниците кои можат да бидат идни клиенти.
Според Symantec, околу 100.000 апликации имале пристап до информациите во фебруари 2011-та. Нема информации за колку апликации злоупотребиле колку профили, па можеби е добра идеја да се промени лозинката која ги прави невалидни токените дадени на Facebook апликациите.







