Написи тагирани со Европска комисија

93 написи
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.ЕУ Мора да прочиташ

Европскиот суд за правда ќе jа разгледа легалноста на ACTA

Европската унија побара од својот највисок суд да го провери трговскиот договор ACTA кој предизвика несогласувања и протести по улиците на неколку европски метрополи. Eвропскиот суд за правда ќе треба да го разгледа Anti-Counterfeiting Trade Agreement (ACTA) и да даде конечно мислење за легалноста на трговскиот договор потпишан од ЕУ, 22 земји-членки, САД и други […]

0 коментари Прочитај 22 февруари, 2012
Редакција
1
Виктор Дано Мобилни Свет

САД и ЕУ му одобрија на Google да преземе контрола врз Motorola Mobility

Регулаторите на двата континенти ја одобрија зделката меѓу Google и Motorola Mobility која беше најавена уште во aвгуст. Европската комисија и американското Министерство за правда официјално му ja одобриja аквизацијата на Google. „По детален преглед на предложената трансакција, Дивизијата за спречување на монопол одлучи дека таквите аквизиции [на Motorola и нејзините патенти] не претставува опасност […]

0 коментари Прочитај 14 февруари, 2012
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.ЕУ

ЕУ oтвори истрага против Samsung заради нефер користење на 3G патенти

Европската Комисија отвори истрага за да провери дали Samsung ги користел патентите за безжична 3G технологија за да ја „совлада конкуренцијата во европскиот мобилен пазар“, односно одбивал да им издаде на конкурентите лиценци за користење на технологијата која е стандард во мобилната индустрија. Според FRAND условите, сите компании во индустријата се обврзани да издаваат лиценци […]

0 коментари Прочитај 31 јануари, 2012
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.ЕУ Хак-атак/Приватност

EУ ќе воведe нови, построги правила за заштита на корисничките податоци

За да ги заштити корисниците од корпорациите Европската Комисија ќе воведе нови построги правила за заштита на податоците. Подпретседателката на Европската Комисија, Вивиен Рединг, на DLD конференцијата, рече дека е потребно корисниците да им веруваат на компаниите, и дека мора индивидуалците да бидат во контрола на своите информации. Правилата ќе треба да ги регулираат начините […]

0 коментари Прочитај 23 јануари, 2012
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.ЕУ Свет

И Европската Комисијa застана против SOPA

Кон дебата за контроверзниот американскиот Stop Online Piracy Act се придружи и одговорната за европската Дигитална Агенда, Нели Крус, која на својот Facebook профил го искритикува законот, велејќи дека не треба да се воведува лош закон кој нема да биде од бенефит за отворениот Интернет. „Мило ми е што мислењето се менува против SOPA: не […]

0 коментари Прочитај 20 јануари, 2012
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК

Европската Комисија го претстави првото видео за предностите на „Интернет на нештата“

Европската Комисија очекува до 2020-та година да има 50 милијарди уреди поврзани на интернет кои ќе обезбедат разни услуги на граѓаните преку паметни апликации и сервиси. Oсновното нешто за „Интернет на нештата“ е поврзувањето на разните уреди со RFID таговите, кои се попаметни од обичните баркодови. Преку овие чипови ќе се овозможи уредите, од автомобил […]

0 коментари Прочитај 9 јануари, 2012
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.ЕУ

Eвропа сака ослободување на јавните податоци

Европската Kомисија ја стартува Стратегијата за отворени податоци во Европа која ќе ги ослободи сите сирови податоци на кои „седи“ европската администрација. Тие информации ќе бидат ослободени за да се креираат апликации за паметни телефони, мапи, следење на сообраќај во реално време и информации за времето. Комисијата вели дека овие податоци ќе донесат приходи од […]

2 коментари Прочитај 13 декември, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Веб ИТ.ЕУ

ЕУ со истрага дали Apple и издавачите ги местат цените на е-книги

Европската Комисија отвори истрага да испита дали Apple и уште пет издавачи преземаат несоодветни мерки да ја ограничат конкуренцијата на пазарот на е-книги. Петте издавачи се Hachette Livre, Penguin, Harper Collins, Simon & Schuster и Verlagsgruppe Georg von Holzbrinck. Истрагата е започната по обвиненијата од компани кои не се именувани дека Apple заедно со петте […]

0 коментари Прочитај 6 декември, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Друштвени мрежи ИТ.ЕУ

Eвропската Комисија ќе го чешла Facebook за како споделува лични информации

Европската Комисија во јануари ќе претстави Директива да го спречи Facebook да собира и споделува лични кориснички информации до рекламните агенции за таргетирано рекламирање, пишува британскиот Telegraph. Facebook собира лични информации како политички мислења, сексуалнa oпределеност, религиозни верувања и локација за сите свои корисници. Ова не и се допаѓа на Европската Комисија која верува дека […]

1 коментар Прочитај 28 ноември, 2011
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.ЕУ

Евро-комесарката Нели Крус бара нови авторски права

Активниот систем за авторско право не успева во својата задача, вели потпретседателката на Европската Комисија, Нели Крус. Таа на својот блог пишува дека пиратеријата е се уште проблем, исто како што е и проблем што системот за авторски права не успева да ги награди артистите – музичарите, сликарите и писателите – кои се уште живеат […]

0 коментари Прочитај 22 ноември, 2011
Редакција
1
Мартин Јовчески ИТ.ЕУ ИТ.МК

ЕУ: Македонија бележи ИКТ напредок, но некои стандарди не се исполнети

Според извештајот на Европската Комисија за Македонија, земјава има добар напредок на полето на електронските комуникации и информатичките технологии. Во извештајот стои дека најевидентен напредок има во полето на јавните онлајн сервиси за чиј развој одговорно е Министерството за информатичко општество и администрација. Исто така доставени се амандмани за Законот за електронска трговија, според кои […]

0 коментари Прочитај 12 октомври, 2011
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.ЕУ Мобилни

Нови EУ правила ќе ги намалат цените на мобилниот роаминг

Предложени се нови правила со кои ќе се претстави конкуренција меѓу операторите од различни земји со што ќе се намалат цените на домашните и роаминг мобилни разговори. Целта на Европската комисија е да се намалат цените на роаминг услугите со цел да ја мотивира комуникацијата меѓу корисници во различни земји-членки. „Мојот заклучот за високите цени […]

0 коментари Прочитај 7 јули, 2011
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.ЕУ Свет

Wikileaks се заканува со тужба против VISA и MasterCard Europe

Wikileaks ќе поднесе поплака до Европската Комисија против VISA Europe и MasterCard Europe откако двете финансиски компании ги блокираа донациите за контроверзниот сајт откако се објавија стотина илјади доверливи дипломатски документи. Донациите се потребни на Wikileaks да функционира, односно да плати за одржување на серверите и за персоналот.

1 коментар Прочитај 4 јули, 2011
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.ЕУ

EУ планира забрана за „хакерски алатки“ и поголеми казни за сајбер криминалците

Европскиот совет дискутира за нова Директива за напади на информатички системи со која ќе ги зголеми мерките против сајбер криминалот, ќе креира EU-CERT тим, ќе се зголеми соработката меѓу земјите-членки, ќе се зголемат казните и се предлага да се забранат хакерските алатки.

2 коментари Прочитај 15 јуни, 2011
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.ЕУ

Интернет провајдерите не смеат да дискриминираат содржина, предупреди ЕУ

Европската Унија најави дека ќе држи будно око врз интернет провајдерите дали дискриминираат содржина. Според принципот на интернет неутралност, секоја веб содржина мора да еднакво достапна за секој, без привилегии и без блокирања. Новите европски телеком правила со кои ќе се гарантира неутралноста, како и поквалитетна услога и транспарентност, стапуваат на сила на 25-ти мај 2011-та.

0 коментари Прочитај 20 април, 2011
Редакција
1
Тамара Атанасовска ИТ.ЕУ

Microsoft се побуни против монополот на Google

Microsoft поднесе официјална поплака до Европската Комисија против Google поради нелолајна конкуренција, за како што тие велат поседувањето на 95% од европскиот пазар на пребарување. Оваа поплака е само моќен додаток на истрагата која ja почна Европската Комисија во ноември 2010, а се однесува токму на нелојалната конкуренција.

0 коментари Прочитај 31 март, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.ЕУ

ЕУ рација на издавачите на е-книги

Европските власти направиjа рации на неименувани компании-издавачи на е-книги во неколку европски земји. Според Европската комисија ненајавената рацијата е направена бидејќи „имаме причини да веруваме дека има компании кои ги прекршуваат ЕУ правилата за фер конкуренција што забрануваат картели и други рестриктивни бизнис практики“.

0 коментари Прочитај 2 март, 2011
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.ЕУ

ЕУ сака „нова ренесанса“ со закачување на културното богатство онлајн

Comité des Sages, група која ги разгледуваше можностите за дигитализација на европското културно богатство, донесе извештај во кој се бара да се закачи културното богатство онлајн за да се овозможи полесен пристап, зголемување на туризам, истражување и едукација.

0 коментари Прочитај 10 јануари, 2011
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.ЕУ Мобилни

Европа одлучи сите паметни телефони да имаат универзален полнач

Европската комисија ги одреди техничките спецификации за универзален мобилен полнач на батерии за сите мобилни уреди кои ќе се продаваат во Европа почнувајќи од првите месеци на 2011 година. Оваа барање беше поддржано од 14 компании меѓу кои се Apple, Motorola, Nokia, RIM, Samsung, Sony Ericsson, Alcatel...

0 коментари Прочитај 30 декември, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Веб ИТ.МК

ЕУ со истрага дали Google ги манипулира резултатите и рекламите

Европската Комисија стартува истрага за дали Google Inc. ја злоупотребува својата доминантна позиција во интернет пребарувањето и маркетинг пазарот. Google се огради од обвинението велејќи дека ќе соработуваат со Комисијата за истрагата.

0 коментари Прочитај 30 ноември, 2010
Мени
Заедница
Изглед