ЕУ со истрага дали Apple и издавачите ги местат цените на е-книги

0 коментари 1 мин. читање

Европската Комисија отвори истрага да испита дали Apple и уште пет издавачи преземаат несоодветни мерки да ја ограничат конкуренцијата на пазарот на е-книги. Петте издавачи се Hachette Livre, Penguin, Harper Collins, Simon & Schuster и Verlagsgruppe Georg von Holzbrinck.

Истрагата е започната по обвиненијата од компани кои не се именувани дека Apple заедно со петте издавачи нелегално ги покачувале цените за е-книги во периодот кога беше претставен iPаd таблет и iBookstore во 2010-та година.

За Комисијата е сомнителeн начинот на како се одредуваат цените за е-книги пред да се објави таблет компјутерот. Аpple е првиот продавач кој им дозволи на издавачите да влезат во „агенциски договор“ каде издавачот ги одредува цените под кои ќе се продаваат е-книгите од онлајн продавниците. Проблемот се јавува доколку се открие дека издавачите ги местеле цените така за да може да му даде процент и на продавачот, во случајов Apple кој заработува процент од продажба преку неговата iBook продавница.

Според Комисијата истрагата е во рана фаза и тоа не значи дека се случиле нелегални активности. Но, доколку се открие дека имало неконкурентни активности, компаниите ќе бидат казнети со 10 отсто од глобалниот приход.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top