Европската Kомисија ја стартува Стратегијата за отворени податоци во Европа која ќе ги ослободи сите сирови податоци на кои „седи“ европската администрација.
Тие информации ќе бидат ослободени за да се креираат апликации за паметни телефони, мапи, следење на сообраќај во реално време и информации за времето. Комисијата вели дека овие податоци ќе донесат приходи од 40 милијарди евра во европската економија.
„Но, бенефитите не се само економски. Тие ја подобруваат транспарентноста на нашата демократија и јавните институции. Тие можат да го подобрат квалитетот на донесување на одлуките внатре во самата јавна администрација – преку информирани, основани на докази политики. И тие можат да помогнат на сите сектори од општеството – како апликации кои им помагаат на луѓето со инвалидитет да најдат згради со соодветен влез за колички.“, вели евро-комесарката Нели Крус. „Граѓаните со плаќање на данок веќе платија за оваа информација, и најмалку што може да направиме е да им ги вратиме на оние кои сакаат да ги користат на нови начики што им помага на луѓето да креираат работи и развој.“
[youtube]MlcFKPyiRuw[/youtube]
Според Комисијата, ќе се направат промени во Директивата за јавни информации со кои ќе се овозможи полесен пристап до јавните податоци. Конкретно ќе треба да бидат поефтини, со автоматско право на пристап и ќе опфаќаат поголем спектар на институции, меѓу кои архиви, библиотеки и музеи.
Што се однесува до Македонија, МИО најави концепт на „отворени е-услуги“ со кои приватни компании ќе добијат пристап до јавните податоци за да направат нешто корисно од нив.








"сурови податоци" = "raw data" = "сИрови податоци"
А Македонија може да почне со тоа што ќе ја дигитализира и јавно ќе ја објави својата аудио-видео архива која ја произведуваше МРТВ.
"Што се однесува до Македонија, МИО најави концепт на „отворени е-услуги“ со кои приватни компании ќе добијат пристап до јавните податоци за да направат нешто корисно од нив."
Хахахахахаха! Корисно за кого?