1 коментар 2 мин. читање 28 ноември, 2011

Eвропската Комисија ќе го чешла Facebook за како споделува лични информации

Европската Комисија во јануари ќе претстави Директива да го спречи Facebook да собира и споделува лични кориснички информации до рекламните агенции за таргетирано рекламирање, пишува британскиот Telegraph.

Facebook собира лични информации како политички мислења, сексуалнa oпределеност, религиозни верувања и локација за сите свои корисници. Ова не и се допаѓа на Европската Комисија која верува дека со собирањето и споделвуањето на податоците ја загрозува приватноста на корисниците.

„Барам од провајдерите на услуги – посебно друштвените мрежи – да бидат потранспарентни за како функционираат. Корисниците мора да знаат кои нивни податоци се собираат и процесираат за која цел.“, вели потпретседателката на Европската Комисија, Вивиен Рединг велејќи дека границите меѓу земјите не треба да претставуваат проблем.

„Корисниците во Европа мора да се сигурни дека нивните податоци се заштитени, без врска на европската земја во која живеат и без врска на земјата во која компаниите ги процесираат личните податоци.“

Покрај ЕУ, и организацијата за стандардизација на интернетот, W3C, побара корисниците да бидат предупредувани за како ќе им се користат податоците за таргетирано рекламирање.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Filip Taskovski
14 years ago

thumbs up

Мени
Заедница
Изглед
To top