0 коментари 2 мин. читање 20 јануари, 2012

И Европската Комисијa застана против SOPA

Кон дебата за контроверзниот американскиот Stop Online Piracy Act се придружи и одговорната за европската Дигитална Агенда, Нели Крус, која на својот Facebook профил го искритикува законот, велејќи дека не треба да се воведува лош закон кој нема да биде од бенефит за отворениот Интернет.

„Мило ми е што мислењето се менува против SOPA: не ни треба лош закон кога ни треба некој што ќе ги заштити бенефитите на отворениот Интернет. Регулирањето на Интернетот треба да биде ефективно и соодветно.“

По протестите на многу популарни сајтови, дел од кои се исклучија за еден ден, американскиот Конгрес го одложи гласањето за SOPA. Законот најваројатно ќе биде променет и подобро дефиниран. Тој предвидува провајдерите и веб сервисите да контролираат која содржина ќе биде споделувана, и да блокираат нелегални сајтови кои се надвор од САД, но, проблемот е што е толку општо напишан што ги опфаќа скоро сите сајтови кои работат со кориснички-генерирана содржина.

Но, наместо одобрување што поддржува отворен Интернет, г-ѓа. Крус на својот Facebook профил се соочи и самата со критики бидејќи ЕУ размислува да го прифатиACTA, интернационалниот закон кој би требало да постави нова основа во борба против трговијата на нелегални добра и злоупотреба на авторските права. Со ACTA се дава моќ на властите да влијаат врз интернет провајдерите и хостинг компаниите за да блокираат сајтови со нелегална содржина.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top