Пример за непочитување нет неутралност е Skype, кој е често блокиран од мобилните оператори бидејќи претставува еден вид конкуренција. Според новите правила за нет неутралност Skype ќе мора да биде достапен за сите.
„Решена сум да се осигураме дека граѓаните и бизнисите во ЕУ можат да уживаат во бенефитите на отворен и неутрален интернет, без скриени рестрикции и со брзина ветена од провајдерот на услугата. Јас цврсто верувам во принципите на конкуренција, што се суштината во новите подобрени телеком правија за транспарентност, квалитет на услугата и можност за полесно да се сменува оператор.“, изјави потпретседателката на Евроската комисија за Дигитална агенда, Нели Крус.
The internet belongs to all of us – see my #EU net neutrality speech + report:
Овие три клучни поенти значат дека корисникот мора да биде информиран што ќе добие со услугата пред да потпише договор, и тоа мора да му биде испорачано. Според ЕУ истражувањата има голема разлика од тоа што се рекламира и тоа што се добива. Не смее да има блокирање на законски легитимна содржина без врска на конкуренцијата, ниту да се задушува брзината на испорачување на одредена содржина за да се забрза друга, иако менаџирање на интернет сообраќајот за доставување на подобри услуги е дозволиво. Друго правило е можност за лесно менување оператори, всушност промената мора да се случи за само еден ден.
„Корисниците треба да го знаат опсегот на реалистичната брзина на конекцијата што ќе ја добијат – не некоја хипотетична „достигната“ брзина што во пракса значи дека ќе го добијат тоа само ако се соседи со провајдерот или ако никој друг од нивното соседство не користи интернет во тоа време.“








