Малициозниот софтвер кој се планира да се забрани подразбира софтвер за креирање „ботнет“ мрежи (заразени компјутери, зомбија, кои реагираа по команда на криминалците) или софтвер за напад на други компјутерски систем. Се предлага и казните да се зголемат.
„Новите правила ќе ги задржат претходно напишаните и моментални марки – главно се подразбира казна за нелегален пристап, нелегално вмешување во систем, нелегално крадење на податоци како и подбуцнување, помагање, соучесниство и обид да се направат овие криминални акти – и ќе вклучува нови елементи,” се вели во точката за сајбер напади (стр. 18) од предлогот за европската директива. Тие елементи се:
- казна за креирање на алатки (софтвер за ботнет и крадење на лозинки);
- нелегалното прибирање на компјутерски податоци ќе стане криминален акт;
- подобрување на европската соработка за криминали со подобрување на инфраструктурата за 24/7-часовен контак, со обрска за обезбедување на фибек во рок од 8 часа, и;
- oбврска да се собира основна статистика за сајбер криминалот.
Ќе се креира и EU-CERT, тим за реагирање при компјутерски инциденти. За Европскиот совет директивата ќе има за цел да биде мерка против бројните сајбер напади и пробивања ширум Европа со „потенцијал да му наштетат на јавниот интерес“.
#cyber attacks are real, to step up #cyber security #EU prepares to set up #cert #emergency team for EU institutions http://t.co/vVjEEmu









лол што ќе забранат овие кутри фантазери европски. Што ганџа пушат :)
JOINT :D